Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев, Вучиќ, и Рама бараат поддршка од Берлин за Отворен Балкан

0
By Ivana on December 20, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во авторска статија за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), ја повикаа новата германска влада да ја поддржи иницијативата Отворен Балкан, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Се надеваме дека новата влада во Германија ќе ја прифати и поддржи иницијативата Отворен Балкан како придонес за целосно спроведување на Берлинскиот процес, изјавија тројцата лидери, а пренесува Дојче веле.

Во текстот тие истакнаа дека Европа не е само континент, туку и визија, но оценија дека граѓаните на Западен Балкан „кои се значаен дел од континентот и таа визија“ предолго се исклучени и игнорирани.

– Желбата на нашите граѓани да бидат прифатени од членките на ЕУ беше попречена неколку пати- со внатрешните политики на земјите-членки, неостварувањето на ветувањата и стравот од иднината. Тоа доведе до разочарување, нестабилност, емиграција и отсуство на големи инвестиции. Како политички лидери на овие земји, можеме или да се жалиме – или да направиме нешто околу тоа. Се одлучивме за второто, се вели во текстот насловен „Перспектива за Балканот“, потпишан од Заев, Вучиќ и Рама.

Тројцата лидери во текстот потсетуваат дека во ноември 2019 година потпишаа прелиминарен договор за поддршка на Берлинскиот процес, со преземање одговорност за подлабока соработка во регионот.

-Наша визија е со имплементирање на четирите европски слободи во нашите земји да ги надминеме социјалните, економските и трговските бариери кои го попречуваат економскиот раст на нашиот регион. Затоа потпишавме договори со кои се укинуваат граничните контроли за да може стоките да поминуваат речиси без за стој, и кои на нашите граѓани им овозможуваат непречено да работат во друга земја, се наведува во авторскиот текст.

Лидерите објаснуваат дека иницијативата Отворен Балкан се покажала ефикасна и корисна за надминување на многу тешките времиња на пандемијата.

–Иако иницијативата засега ги вклучува само Србија, Албанија и Северна Македонија, таа е отворена за сите членки на Западен Балкан – посочуваат Заев, Вучиќ и Рама и повторно ги повикуваат сите соседи да им се придружат и на нивното население, како што велат, да им понудат поволности што тие им го нудат на своите граѓани.

-Често критикувани како европско буре барут, ние како одговорни политичари не можеме да дозволиме нашиот регион да се врати во кошмарите од минатото, во фаза кога ЕУ не може да направи повеќе за своето проширување – се наведува во текстот и се посочува дека Отворен Балканот не е утешна награда наместо членство во ЕУ, туку голем чекор кон членството.

Изразувајќи надеж дека новата влада во Германија ќе ја прифати и поддржи иницијативата Отворен Балкан, тројцата лидери наведоа дека повеќе шефови на држави и влади на европските земји и владата на САД веќе ја изразиле својата поддршка, како и дека подршка дале претприемачите, земјоделците и студентите од целиот Западен Балкан.

-Сега целата ЕУ треба да се приклучи во поддршката на оваа иницијатива и да ги охрабри нашите соседи, нејзината целосна имплементација и потреба да ја претворат во реалност. Крајно време е сите народи и луѓе во регионот да се здружат за подобра заедничка иднина – која нуди стабилност, мир и повисок животен стандард за сите. Иднина која се издигнува над споровите од минатото и на нашите деца и земји им дава надеж во кои заслужуваат да живеат, заклучуваат Заев, Вучиќ и Рама.

Заев и Вучиќ денеска пристигнуваат во Албанија на дводневниот Самит во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а вечер во Елбасан ќе биде организирана и вечера со албанскиот премиер Еди Рама.

Како што соопшти порталот Албеу, покрај тројцата лидери, на свечената вечера во Елбасан која е закажана за 19 часот ќе присуствуваат и албанската министерка за финансии и економија Дељина Ибрахимај, министерката за земјоделство Фрида Крифца, вицепремиерот и министер за земјоделство на Србија Бранислав Недимовиќ, заменик министерот за финансии на Северна Македонија Димитар Ковачевски, заменик министерот за замјодество, водостопанство и шумарство Трајан Димковски, претседателите на стопанските комори на Србија и Албанија, Марко Чадеж и Инес Мучостепа, како и претседателот на Стопанско-индустриската комора на Северна Македонија, Антони Пешев. На вечерата ќе присуствуваат и високиот советник на Атлантскиот совет, Џим О’Брајан и потпретседателот на Фондацијата Отворено општество, Алекс Сорош.

На состанокот на регионалната иницијатива за соработка Отворен Балкан во Тирана треба да бидат потпишани вкупно шест договори, меѓу кои и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.