Пописот мора да се случи оваа пролет и негово одложување не е посакувано, категоричен е премиерот на Македонија, Зоран Заев.
Според него, состојбата со вирусот е мошне непредвидлива, па така не смее да се губи време и оваа операција мора што побрзо да се спроведе.
„За кога да одложиме пописот? За 10 години? Не може да се одложи за мај или јуни. Тогаш луѓето се по одмори. Септември е кампања, октомври се изборите. Треба да го спроведеме пописот. Треба да си ја земеме одговорноста во своите раце“, истакна Заев.