Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за Блаже Конески: Великаните не заминуваат никогаш

0
By Нова ТВ on December 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големината и значењето на животот и делото на Конески за македонскиот идентитет, за македонската национална култура, за македонскиот јазик го прават не само втемелен факт во историјата, туку и жив двигател на нашата сегашност во разни области – во науката за јазикот, во уметноста и силата на зборот, во моќта да го закрепнува нашето духовно самочувство кога ни остави завет да го чуваме јазикот, зашто јазикот е нашата татковина. Ова денеска на својот фејсбук профил го напиша премиерот Зоран Заев по повод 27 години од смртта на Блаже Конески.

-И денеска, на денот кога во 1993 година со неговата смрт се заокружи едно големо, разновидно, доблесно и придвижувачко творештво, нашите мисли се исполнети со гордост што бевме современици на Блаже Конески, пишува Заев.

Премиерот Заев на фејсбук напиша дека денес македонскиот јазик е дел од светската енциклопедија јазици и никој не може да ја негира неговата автентичност.

-Жив јазик на македонскиот народ со свој изворен правопис, граматика, речник, и своја континуирана и развојна историја. Правописот на македонскиот јазик, чие прво издание беше објавено и потпишано од Блаже Конески и Крум Тошев, уште во мугрите на раѓањето на современата македонска држава во 1945 година, денеска, како најново и дополнето издание од плејада македонисти и ученици на Конески, е слободно достапен на сите граѓани како инструмент за унапредување на македонскиот јазик (www.pravopis.mk), напиша премиерот Заев.

Во монументалното дело на Конески, како што се наведува, се вградени и длабоки хуманистички идеали и научни достигнувања кои беа препознаени и од светската академска јавност, а светот им оддава признание и денес со впишувањето на 100 годишнината од неговото раѓање како настан за одбележување запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година.

-Тоа е уште една глобална афирмација на македонските јазик, наука и култура со програма со која во национални и во меѓународни рамки ќе се одбележи оваа значајна годишнина. Великаните не заминуваат никогаш. Таков е и Блаже Конески. Тој со своето сеприсуство и денес ги побива и се надвишува над сите злонамерници што го напаѓаа и го нарекуваа „џуџето од Небрегово“, а денеска му ги читаат песните. Ништожни се таквите чинови на порекнување на големите македонски дела и големите македонски дејци, ништожни се во споредба со громогласниот џин заштитник на македонската реч, напиша премиерот Заев на фејсбук.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.