Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за „Катимерини“: Неприфатлива е било каква интервенција во македонскиот идентитет

0
By Нова ТВ on May 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За европската перспектива и бугарското вето, но и грчката поддршка, за Договорот од Преспа, како и за односите со поранешниот и актуелниот премиер на Грција, говори претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, во интервјуто под наслов „Заедно за Балкан на 21-от век“, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот Заев објаснува дека и покрај позитивните извештаи од Европската Комисија и покрај Договорот за добрососедство со Бугарија, сепак поради ветото од Софија, Северна Македонија не ги започна преговорите со ЕУ.

-Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух, бидејќи треба заедно да градиме иднина. За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива.  Процесот трае веќе подолго време, не сакаме да запреме и нема да запреме, но нема да ги ставиме во опасност нашето достоинство и нашиот идентитет. Верувам дека ќе најдеме заеднички решенија со Бугарија и ќе изградиме квалитетна иднина за нас и за идните генерации, објаснува премиерот, потенцирајќи дека минатото не треба да се заборави, но „треба да се градат мостови на соработка меѓу сите балкански земји, бидејќи тоа е единствениот пат што води до успех“.

Од друга страна пак, вели дека Грција останува „силен медијатор и поддржувач“ на европскиот пат на нашата земја, нешто за што добил уверување и грчкиот премиер.

Заев потсетува на првите средби со Мицотакис во септември и ноември 2019 година, велејќи дека и тогаш и на следните средби бил создаден „пријателски однос, ослободен од сите прашања што во минатото ги оптоваруваа билатералните односи“ , бил прифатен веќе дефинираниот партнерски однос основан на доверба и пријателство , „кој односите меѓу двете земји ги претвори во сојузништво“.

-Мојот колега, господинот Мицотакис категорично ме увери дека Грција останува еден силен медијатор и поддржувач на нашата земја во претстојниот преговарачки процес со Европската Унија. И двајцата се обврзавме за целосно и непречено спроведување на билатералните обврски одредени од Договорот од Преспа. На сите наши средби разговараме за поголема економска соработка која треба да продолжи и да се надгради, вели Заев, пренесе МИА.

Дополнително зајакнување на пријателството и енергетската соработка, според премиерот е и гасоводот што ќе ги поврзува двете земји, односно договорите како за терминалот во Александруполи, така и за изградбата на интерконекторот.

Додава дека овие проекти ќе бидат први од ваков тип во Југоисточна Европа, а со поврзувањето со Грција, наместо еден извор на природен гас, ќе имаме можност за снабдување од различни извори, од САД, Блискиот Исток и сл.

Дел од интервјуто за „Катимерини“ е посветено на Договорот од Преспа, преговорите и односите со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Вели дека три години подоцна може да каже дека и кај нас и во Грција се поклопи „силната политичка волја на лидерите и нивните соработници за промена на сликата на Балканот“.

-Мислам дека не би било претерување ако кажам дека и Алексис Ципрас и јас влеговме во процес во кој ја ризикувавме нашата политичка кариера, без да сметаме на личната цена. Го прифативме предизвикот да најдеме решение што произлегува од европскиот пристап во изнаоѓањето одговори на најтешките прашања, како што беше прашањето за името на мојата земја и нејзината долгогодишна блокада од три децении. Стигнавме до договор и до решение. Знаевме дека постоеше ќор-сокак, во спротивно немаше да постои таква политичка и лична волја на сите оние кои учествуваа во процесот, објаснува премиерот.

Додава дека во преговорите немало наметнувања, а најважниот момент бил кога констатирале дека ги делат истите вредности и одбрале да донесат одлуки и да го решат спорот.

-Одбравме да донесеме одлуки. Да го решиме спорот со името на мојата земја. Да не одолговлекуваме, да не земаме превид други фактори, да не си играме со јавноста како во мојата така и во вашата земја, да не им го трошиме времето на нашите пријатели и поддржувачи на процесот. Да му дадеме на регионот нов Балкан, Балкан на 21 век, каде што минатото, сенките на историјата, нема да бидат непремостливи пречки за заедничка иднина. Ова беше тоа што нѐ поврза и ова поврзување се зајакна од пријателската атмосфера што стануваше сѐ поинтензивна на секоја наша наредна средба, вели премиерот Заев за „Катимерини“.

Коментира дека пред Договорот од Преспа „бевме соседи кои секогаш имаа и трета страна на маса“, а сега сме сојузници во НАТО, додека пак членството на Северна Македонија во Северно- атлантската алијанса „е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност“, но е и најсилната гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет на земјата.

Интервјуто на премиерот Заев за „Катимерини“ е во пресрет на неговото учество на Делфи економскиот форум, што од 10 до 15 мај ќе се одржи во Атина.

Освен Заев, на форумот, ќе учествуваат и вицепремиерот Никола Димитров, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.