Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Земјава е на добар пат, ќе ги имплементираме препораките на ЕК

0
By Нова ТВ on October 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер заедно со министрите од анализата на наодите од Извештајот на Европската комисија ќе ги искористиме укажувањата за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјето за преговори посветен на темелните вредности“, истакна денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Премиерот Заев посочи дека во Извештајот е нотирано оти земјата во многу области има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и оти се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

Според Заев, двата документа што вчера ги објави Европската комисија се придонес кон создавање на силен политички момент за уште еден исчекор на европската агенда на нашата земја.

– Особено важен момент е што Извештајот на ЕК се објавува во период на реафирмирање на европските чекори и програмата на новата Влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секториските планови во наредниот период, рече Заев.

Посебно важен за него е економско-инвестицискиот план за Западен Балкан за кој, како што рече, најголема заслуга има еврокомесарот Вархеји. Овој пакет, смета премиерот, е од големо значење за приватниот сектор, за енергетските проекти и за транспортното и железничкото поврзување на регионот и претставува вистинска мотивација во следниот период регионот да испорача уште повеќе резултати.

– Благодарни сме што многу важни проекти за Северна Македонија ќе бидат поддржани со овој план. Изразувам благодарност до Европската унија и за несебичната помош која ни беше дадена за време на Ковид кризата која се уште трае. Вчера легнаа 80 милиони евра на буџетот, а останатите 80 милиони евра во следниот период.Солидарноста на дело на ЕУ е поттик за нашето идно работење, истакна Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.