Посакувам денеска да добиеме сите, со тоа што ќе имаме фер и демократски избори, само на тој начин, секако, сите граѓани на Република Македонија, како и ние политичарите, ќе славиме победа за нашата Македонија, изјави утрово по гласањето на претседателските избори лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Се надевам, дека денеска, целиот изборен процес, како и што започна така и ќе продолжи, мирно во фер и демократска атмосфера, сите граѓани на нашата земја да одлучат кој ќе го испратат во вториот изборен круг како кандидат за претседател на државата, изјави Заев.