Тим Самарас, неговиот син Пол, и Карл Јанг загинаа додека се обидувале да следат една од најсилните бури која некогаш ја зафатила Оклахома, за во научни цели да дојдат до нови откритија за неа.
Тројцата научници важат за најпознатата тројка – ловци на торнада.
Нивните дела во кои „се соочуваа“ со торнадата беа емитувани во една од емисиите на каналот „Discovery“ под името „Storm Chasers“.
Самарас беше еден од најпознатите придружници на бурите, на што беше посветен 20 години, а еднаш раскажа дека со проучувањето на ураганите и торнадата посакал да се занимава откако ја прочитал книгата и го гледал филмот „Волшебникот од Оз“.
Тој разви научни методи кои донесоа нови знаења за бурите и овозможија подобри можности за нивно предвидување.
Друштвото „Национална географија“ 18 пати ги финансираше истражувањата на Тим Самарас.