По вчерашниот земјотрес во Иран, со епицентар од интензитет 7.8 степени, најмногу загинати беа регистрирани во пакистанската погранична провинција Балочистан.
Припадници на пакистанските безбедносни сили се распоредени да им помогнат на жртвите од вчерашниот земјотрес во кој загинаа 34 лица.
Мобилизирани се и хеликоптери, кои ќе помагаат за транспорт на медицински екипи и друга помош до погодените области.
Во Иран, според досегашните информации, има 27 повредени.
Земјотресот е почувствуван и во индискиот главен град Њу Делхи, како и во облакодерите во Дубаи.