Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заглавени зашто имаме навики да немаме навики

0
By Zoran Ivanov on May 3, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 3, 2026 14:31

И најфасцинантно е што секој поединечно е убеден дека проблемот се „другите“. Јас не сум проблемот, јас сум жртва на системот. Системот, пак, е составен од луѓе кои сите мислат дека се жртви. Тоа е единствениот колективен проект (или експеримент) што навистина ни успеал.

 Бенита Белешкова

Ние во Македонија не сме само обично заглавени , ние сме внимателно паркирани во една психолошка состојба што ја викаме “ќе биде”.Тоа е многу удобно место: ништо не функционира, ама да можеше барем никој да не очекува да функционира. А вака?

Сите зборуваме за Европа , некои кои не ја разбрале ја кудат, понижуваат, посакуваат да умре а други пак кои биле прифатени ја гледаат како за некоја далечна, мистична жена -мајка: уредна, мирислива, со развиена свест за хигиена.

Ја сакаме, ја идеализираме или ја мразиме….ама кога треба да се однесуваат оние кои мразат како неа, одеднаш чувствуваат дека го губат својот идентитет. Како кога цивилизираните им велат: “Не фрлај семки и пластика во спортска сала”, а тие тоа го доживуваат како културен геноцид.

Има нешто длабоко трагично во тоа што точно знаеме што треба да правиме …еве имаме закони, фиктивен ред, даноци,одговорност и сепак како упорно да избираат тие што треба да водат да живееме како да сме во експеримент: “Ајде да видиме што ќе се случи ако повеќето игнорираме сè.”

И најфасцинантно е што секој поединечно е убеден дека проблемот се „другите“. Јас не сум проблемот, јас сум жртва на системот.

Системот, пак, е составен од луѓе кои сите мислат дека се жртви. Тоа е единствениот колективен проект (или експеримент) што навистина ни успеал.

Понекогаш мислам дека некои тука не сакаат уредена држава.

Некои сакаат на хартија уредена држава … без да мораат да бидат уредени луѓе. Што е слично како да сакаш да имаш совршен брак, ама без да живееш со партнерот … кое звучи многу привлечна идеја, ама статистички неодржлива.

И затоа Европа не ни бега. Таа стои таму, мирно, со канта за отпадоци во рака, и не остава да чекаме на граница во колони за да сфатиме дека цивилизацијата не е географска дестинација. Таа е навика.

А ние, за жал, имаме навика да немаме навики.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

бенита белескова колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.