НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заглавените деца во Тајланд се уште не се подготвени за нуркање

0
By Нова ТВ on July 7, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тајландските спасувачи кои се обидуваат да ги спасат 12 деца и нивниот тренер заглавени во една пештера во Тајланд, денеска соопштија дека момчињата се уште не се подготвени за нуркање, па затоа не може да почне операцијата за нивно извлекување.

Сепак, гувернерот на провинцијата Луанг Рај, Наронгсак Осатанаком, која раководи со спасувачката операција, на прес-конференција изјави дека доколку очекуваните обилни врнежи од дожд предизвикаат покачување на нивото на водата во пештерата, нуркачите ќе се обидат да ги извлечат децата.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

Во меѓу време, како што јави ДПА, тренерот на малдите фудбалери преку нуркачите достави писмо во кое ги моли родителите на момчињата за прошка.

„Во моментов сите деца се добро. Спасувачите се грижат добро за нив. Ви благодарам за целата морална поддршка и ги молам сите родители за прошка“, пишува во писмото на 25 годишниот тренер Екапол Чантавон.

Од пронаоѓањето на заглавените деца во понеделникот вечерта, досега се објавни два видео записи на кои тие беа прикажми на местото на кое се заглавени, додека обидот за инсталирање на телефонски кабел до нив беше неуспешен.

Покрај јавно објавеното писмо на тренерот, нуркачите доставија и пораки од децата до нивните родители.

„Не се вознемирувајте тато и мамо. Поминаа две недели окако заминав, но ќе се вратам за да Ви помагам во дуќанот“, вели малиот Екарат во пораката до неговите родители, кои поседуваат продавница.

„Добро сум, но тука е малку студено. Не грижете се за мене. Не заборавете да ми подготвите прослава за родендентот, се наведува во пораката на момчето Дуангфет до неговите родители.

„Ако излезам ќе Ве молам да ме одведете да јадам муу крата„, им порачува Пифат на своите родители.

Муу крата е традиционално тајландско јадење со свинско месо и зеленчук.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Спасувачите предложија план за пробивање дупка длабока 600 до местото на кое се наоѓаат децата и нивниот тренер, но оваа опција засега е само во фаза на разгледување.

Сопственикот на „Тесла Моторс“, Илон Маск вчера најави дека на местото на инцидентот ќе испрати инженери од неговите фирми во Тајланд, со цел да пружат помош при пробивањето на приод до децата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесет земји повикаа на признавање на Палестина, бараат прекин на огнот и го осудуваат Хамас

July 30, 2025

ЕУ ѝ одобри 835 милиони евра на Хрватска за реформи и инвестиции

July 30, 2025

Ројтерс / Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 40 отсто

July 30, 2025

Трамп вели дека не сака да се сретне со Си, но би можел да ја посети Кина

July 29, 2025

Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ носи стабилност, но е неурамнотежен, вели францускиот министер

July 28, 2025
ФОКУС

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

ВЕСТИ July 30, 2025

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува одлуката на неодамнешната одлука на Министерството за…

Висината на цунамито во Северо-Курилск достигна пет метри

July 30, 2025

Разорен земјотрес од 8,7 степени ја потресе Камчатка

July 30, 2025

ССМ доби репрезентативност – ќе бара од Владата зголемување на минималната плата од 500 евра

July 29, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.