Седум лица се повредени во експлозија што вечерва се случи на тераса на угостителски објект Хет Трик на пазарот Ботинец, во Загреб, јавува Порталот Индекс (Index.hr).
Канцеларијата на управување со вонредни состојби јави дека има три потешко и три полесно повредени лица, додека полицијата потврдува дека едно лице е приведено.
“Полицијата го уапси осомничениот, но бидејќи се работи за класично казниво дело, по завршување на истрагата, полицијата ќе обезбеди повеќе информации за јавноста”, соопшти Канцеларијата на управување со вонредни состојби.