Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загрижувачки е нискиот број на тестирања за ХИВ

0
By Менче Атанасова Точи on March 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија бројот на тестирања за ХИВ е многу низок , само еден процент на годишно ниво, затоа и новите случаи тешко се откриваат, велат во Здружението за подршка на пациенти за ХИВ/СИДА.

Од таму велат дека бројката од 11 ново заболени со ХИВ/СИДА за последните три месеци, која ја објави Институтот за јавно здравје е предимензионирана бидејќи станува збор за проект со кој се тестирани ризичните групи, корисници на дрога, сексуални работници, хомосексуалци, затвореници и млади.

Бидејќи станува збор за ризични групи очекувано е да се откријат нови случаи. Малиот процент на луѓе кои доаѓаат да се тестираат вообичаено се должи на ниската свест за последиците доколку се стапува во сексуален однос без заштита, вели за НОВА, Андреј Сених, извршен директор на Здружението.

Со овој проект само во делот на корисниците на дрога биле тестирани околу 400 луѓе, но кај нив не е откриен ниту еден заболен од ХИВ/СИДА. Осум од ново откриените заболени се мажи кои имале секс со мажи, а тројца сидата ја добиле преку сексуален однос со жена.

Проектот со кој е направено ова истражување бил подржан од Глобалниот фонд, заедно со Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, но резултатите не се официјално објавени.

Од невладината организација ХЕРА велат дека бројката е далеку од алармантна бидејќи се работи за целна група која под голем ризик за ХИВ, поради што Македонија не влегува во земји со концентрирана епидемија кај одредени групи, и останува земја со ниска стапка на ХИВ.

-Потенцираме дека не постојат ризични групи туку ризично однесување за ХИВ и дека целта на сите превентивни програми за ХИВ е да се зголемува бројот на лицата кои се свесни за својот ХИВ статус во рана фаза од ХИВ инфекцијата потенцираат во ХЕРА.

Од таму велат дека токму затоа од воспоставувањето на превентивни сервиси за групите од особен ризик преку програмата на Министерството за здравство и Глобалниот фонд во 2004 до денес бројот на лица кои се свесни за ХИВ статусот е трикратно зголемен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.