Штрајкот на пилотите и стјуардесите на Кроација Аирленс кои штрајкуваа шести ден најверојатно ќе заврши денеска.
Тие очекуваат Управата на авионска компанија денеска да излезе со нова понуда за која се надеваат дека ќе ги задоволи нивните барања.
-Ние ги финализиравме нашите барања, тоа денеска ќе го понудиме и доколку Управата успее тоа да го евалуира реално е да го прекинеме штрајкот, а веќе од утре да се вратиме на работа изјави Злако Ширац член на Управата на компанијата.
Штрајкувачите и понатаму одбиваат 20 проценти помали плати, а националниот авиопревозник со денешниот ден има загуба од 6, 5 милиони куни. Управата и синдикатот веќе работат на нова рунда преговори.