Центрите за контрола и превенција на болести проценуваат дека од први февруари 2020 година, Соединетите држави претрпеле меѓу 613.000 и 783.000 повеќе смртни случаи отколку што обично би имале во тоа време, без пандемија. Овие смртни случаи се од „Ковид-19“, болеста предизвикана од коронавирусот и други причини. Исто така, имаше голем пад на стапките на плодност минатата година што го забрза постоечкиот тренд на намалување. Федералните податоци анализирани од истражувачите со институцијата „Брукингс“ утврдија дека имало 53,9 отсто породувања на 1.000 жени во последниот квартал од 2020 година, во споредба со 57,9 годишни раѓања на 1.000 жени во последниот квартал од 2019 година.
Американската влада очекува стапките на смртност во САД да се зголемат за 15% во однос на статистиката пред пандемијата во 2021 година, но и да не се вратат на нормалните нивоа до 2023 година, се вели во извештајот објавен во вторникот од страна на Доверителите на програмите за социјално осигурување и медицина. Доверителите заклучија дека овие зголемени стапки на смртност, заедно со пониската стапка на имиграција и намалената стапка на забременување, имаат значаен ефект врз фондовите за Доверба што ги поддржуваат двете програми на краток рок. Но, долгорочните ефекти на вирусот врз пензионирањето и здравствените системи на Америка остануваат нејасни, бидејќи пандемијата се уште се чини дека не е завршена.
Повеќе од 600.000 Американци починаа од пандемијата на коронавирус што почна на почетокот на 2020 година, а нивото на случаи се зголеми во последните недели, што ги натера стратезите за ситуација да прават проекции за скок на смртните случаи. Смртните случаи исто така се зголемуваат, но вакцинациите против вирусот треба да ја одржат вкупната смртност многу под нивото на максимумот од повеќе од 3.300 дневно што нацијата ги доживеа во јануари, сметаат експертите.
Центрите за контрола и превенција на болести проценуваат дека од први февруари 2020 година, Соединетите држави претрпеле меѓу 613.000 и 783.000 повеќе смртни случаи отколку што обично би имале во тоа време, без пандемија. Овие смртни случаи се од „Ковид-19“, болеста предизвикана од коронавирусот и други причини. Исто така, имаше голем пад на стапките на плодност минатата година што го забрза постоечкиот тренд на намалување. Федералните податоци анализирани од истражувачите со институцијата „Брукингс“ утврдија дека имало 53,9 отсто породувања на 1.000 жени во последниот квартал од 2020 година, во споредба со 57,9 годишни раѓања на 1.000 жени во последниот квартал од 2019 година.
Високи претставници на администрацијата ги опишаа спротивставеностите во поглед на реалниот исход од пандемијата и во поглед на преживеани со или без последици врз здравјето од коронавирусот, како отежнителни околности што можат да влијаат на пензискиот систем во земјата по 2024 година. Од една страна, луѓето што подлегнаа на вирусот беа непропорционално стари, рече еден официјален претставник, што значи дека преживеаната популација може да биде нешто поздрава отколку што беше проектирано, и оттука поевтино за грижа на долг рок. Но, во исто време, долгорочните здравствени проблеми поврзани со Ковид-19 би можеле да постојат за некои преживеани.
Наталитетот во САД падна за 4% во 2020 година, најголемото годишно намалување во последните децении, што е показател дека пандемијата го забрза постојниот тренд на намалување на плодноста во земјата. Привремените податоци објавени во мај покажуваат дека 2020 –та година била шеста година по ред на намалување на трендот на наталитетот. Најголемиот пад се случи кон крајот на годината, кога се родија првите бебиња зачнати за време на пандемијата во САД. Стапката на наталитет во САД падна кај сите раси,кај луѓето со етнички различна припадност. Околу 3,6 милиони бебиња се родија во Соединетите држави во 2020 година, што е пад од околу 3,75 милиони за разлика од 2019 година. Тоа беше најнискиот број на раѓања од 1979 година и најголем едногодишен пад на раѓања, процентуално, од 1965 година.
И „Medicare“ и „Social Security“ се под притисок од долгогодишните демографски промени. Стареењето на бејби -бумерите ставаат се поголем притисок врз системот со достигнување на возраста за пензионирање, бидејќи ги напушта работната сила и консумираат повеќе здравствени услуги. Во исто време, намалувањето на стапките на плодност значи дека уделот на работната популација во САД ќе се намали во текот на следните неколку децении.
Доверливиот фонд „Меdicare“ се соочува со економски предизвици. Годишните извештаи на доверителите постојано предупредуваат за нарушување на несолвентноста на „Medicare“.