Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закон за ЈО: За клучот за отворање на преговорите со ЕУ нема двотретинско мнозинство

0
By Соња Трајковска on February 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Носењето на законот за јавното обвинителство ќе биде еден од клучните моменти што ќе бидат пресудни во одлуката за отворање преговори, имајќи ги предвид препораките од меѓународната заедница, особено од Европската Унија. Но, како што изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, во моментот нема обезбедено двотретинско мнозинство од пратениците во Собранието за законскиот текст што беше изработен од Министерството за правда во консултација со странски експерти.

– Има јасни насоки од ЕУ во врска со законскиот текст. Секако ние тргнуваме од законски текст што би бил идеален, но под црвените линии, под она што значи европски стандард во регулирањето, ние не смееме да паднеме, бидејќи тогаш ќе биде џабе носењето на законот. Закон што нема да добие преодна оценка во ЕУ, воопшто нема да биде пуштен во Собрание, рече Дескоска.

СЈО со целосна независност во ЈО

Во предложениот закон, Специјалното јавно обвинителство ќе има своја улога во гонењето висока корупција и продолжување на сите предмети што се почнати во СЈО, без разлика дали се во фаза на обвинение, во истрага или претистрага.

-СЈО е разграничено од другите обвинителства и особено од Обвинителството за организиран криминал, со тоа што ја фокусиравме неговата надлежност на гонење на висока корупција. Значи, не сите дела што би ги вршиле функционери, туку оние што се поврзани со нив за корупција, како попречување на правда, влијаење врз сведоци… Тоа беше една од препораките што ја добивме од меѓународните експерти дека е добро да врземе само висока корупција со цел да не се разводнува работата, вели Дескоска.

Од аспект на поставеноста, СЈО е посебен орган во рамки на ЈО, како и другите, со тоа што има и одредени гаранции што треба да му овозможат да има ефикасни механизми во борбата против највисоката корупција што тие ќе ја гонат со што СЈО се вклопува во системот со одредени гаранции што треба да му овозможат целосна независност во вршење на функцијата. Во однос на мандатот на обвинителите од СЈО во консултацијата со експертите било посочено да се размислува за мандат од една до две години, со периодично ротирање- една третина од обвинителите да се смени во еден период, потоа втората третина и на крај третата.

На шпекулациите во јавноста дека една од причините за наводното несогласување на владејачките партии е токму овој закон, со кој ќе се овозможи да бидат гонети неколку функционери на ДУИ, меѓи кои и лидерот, Али Ахмети и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, Османи вели: Тоа е лажна вест – ДУИ дава апсолутна и целосна поддршка на СЈО.

– ДУИ е и единствената партија во Република Северна Македонија што има донесено одлука на претседателството и бара целосна истрага од домашни и меѓународни организации на сите функционери од 2002 до сега, бидејќи е време да се почне битката против лажните вести и пропаганда. Значи ДУИ е единствената партија и ги повикуваме и другите политички партии да го направат истиот повик до институциите да направат истрага на нивните функционери додека биле на власт, рече Османи.

За претседателот на Здружение на судии и судија во Врховниот суд, Џемали Саити, мислењето од Врховниот суд е во согласност со надлежностите што ги поседува и се однесува на членот 22 од Законот за СЈО во однос на надлежноста.

-Правното мислење не направи упад во правниот систем, туку напротив ќе ги забрза процесите во однос на вистинско изнаоѓање на местото на СЈО во однос на правниот систем. Не се согласувам со некои видувања дека Врховниот суд ги презеде надлежностите на Собранието, затоа што тоа не е толкување, туку објаснување на примената, рече Саити.

Реформите во судството – клучни за почеток на преговорите 

Француската министерка за европски прашања Натали Лоазо која неделава беше во Скопје, потврди дека за да отпочнат преговорите во јуни годинава, земјава мора да ги исполни неопходните критериуми за реформи во клучните области.

-Што се однесува до неопходните критериуми за да може преговорите за членство да отпочнат ќе кажам дека тие критериуми беа донесени едногласно минатата година на Европскиот совет во јуни. Станува збор за четири критериуми што се однесуваат генерално на правната држава: реформа на судството, борба против корупцијата, реформа на безбедносните служби и реформа на јавната администрација. Овие критериуми беа одлучени од страна на 28 држави членки на ЕУ и кога повторно ќе разговараме за истите, повторно едногласно ќе одлучиме, рече Лоазо.

За Џемали Саити кој е член на владиното тело за спроведување на реформите во судството, иако јуни е  многу блиску, смета дека со дополнителни сили  и активности ќе успееме барем да ги отпоченеме преворите.

-Очекувањата беа поголеми. Тие се остварија, но во помал обем од планираните. Надежта е дека втората фаза на измени на законот на судови и Судски совет кој е во собраниска процедура ќе донесе суштински промени, рече Џемали во интервју за 1ТВ.

Но, тој посочува дека има одредени остапки од целите утврдени во Стратегијата која е усогласена со Брисел.

-Најголемата отстапка е од поставеноста на Републичкиот судски совет. Во Стратегијата утврдивме дека тој треба да биде полупрофесионален, каде судиите ќе бидат ангажирани на непрофесионална основа, во вршењето на оваа работа и ќе судат свои предмети по примерот на некои земји од регионот. Тоа решение не се применува во новиот предлог. Се остапи со некое објаснување дека тоа е противуставно. Но тоа решение беше усогласено со Брисел и тоа решение не беше туку -така нафрлено, додава Саити.

Во контекст амнестиите, помилувањата и другите политичко правни комбинации со кои се соочија судовите,  тој смета дека тоа се покажало како доста жилаво кон адаптацијата кон овие странични, но како што вели „можеби потребни во овој момент, упади во судството“.

Се надева дека тој кругот на вакви продукции на закони од тој тип ќе се затвори и дека отворањето на Поглавјето 23 ќе воведе вистински правец и вистински ред, односно класично судството,  владеење на правото и системско решавање на прашањата, без како што вели, условно кажано егзибиционистички варијатни на функционирање.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.