Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закон за медиуми: Итната постапка продолжува

0
By Нова ТВ on August 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Законодавно-правна комисија на денешната седница ќе расправа по двата медиумски закони, предлог-законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање.

Вчера имаше жестока комисиска дебата за законите за медиуми. Власта брзајќи да ги изгласа законите го прекрши и Деловникот, истиот оној кој го изгласаа пратениците кои по случувањата на 24 декември останаа во собраниската сала без опозицијата.

Новиот тогаш изгласан Деловник предвидува рок од три дена во кој ќе бидат разгледани сите амандмани, во случајот со законите за медиуми 94 на број.

Опозицијата праша што ќе се случи ако амандманите не бидат исцрпени во предвидениот рок.

„Власта мрази закони, правила, Устав, тоа не им одговара на нивните тендерски активности. Вие имате проблем со слободата на изразување во Македонија, без разлика дали е новинар, пратеник или граѓанин, власта има проблем кога некој граѓанин зборува“, рече Јани Макрадули.

Тој рече дека работата на Собранието се регулира по непишани правила и даде гаранција дека пратеничката група на опозицијата нема да ги блокира законите за медиуми ако Деловникот се прецизира.

„Одете кај Трајко, познат по семејните афери, и договорете како да не го прекршувате деловникот“, побара Макрадули.

Здружението на новинари на Македонија до Собранието доставило амандман кој се однесува на предлог-законот за медиуми со кој Здружението и предлага на Владата законот да стапи во сила по влезот на Македонија во Европската унија.

Амандманот содржи еден, член во кој стои: овој закон ќе се применува по приемот на Република Македонија во Европската унија.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани денеска порача дека пратениците имаат идеална шанса пред македонската јавност да ги решат сите дилеми дека носењето на законот нема за цел да ја ограничи слободата на изразувањето и слободата на медиумите.

„Владата тврди дека овој закон е според европските стандарди. Ако е така тогаш ние немаме ништо против законот да се примени кога ќе станеме членка на ЕУ. Ако било која власт низ пристапните преговори ја убеди Европската Комисија дека во земјата се почитува слободата на изразувањето и слободата на медиумите, тогаш нема да стравуваме дека примената на овој закон ќе може да се злоупотреби за замолчување на критичните гласови во медиумите“, рече Селмани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
ФОКУС

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

ВЕСТИ October 14, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум…

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.