НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закон за заштита на животните: Кастрација на домашните миленици и високи глоби

0
By Нова ТВ on January 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Задолжителна кастрација на домашните миленици-кучиња и зголемување на глобите за физички и правни лица се предвидува со предлогот за измени и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните, предложен од група пратеници, објави СДК.мк.

„Сопствениците на кучиња кога тие се во репродуктивен период се должни да ги кастрираат или ојаловат во ветеринарни амбуланти, болници и клиники овластени со законските одредби за ветеринарна здравствена заштита, освен сопствениците на кучиња кои имаат регистрирано одгледувачници. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучиња“, стои во законските измени, предложен од пратеничките Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Никица Корубин, Ирена Стефоска, Ивана Туфекџиќ, Милева Ѓоргиева, Шпреса Хадри, Мирсада Емини Асани, Снежана Калеска Ванчева.

Во образложението на законските измени стои дека ваква мерка се предлага за да се спречи неконтролирано и неограничено зголемување на бројот на улични кучиња, кои во најголем дел потекнуваат од размножување на домашните миленици.

Со измените на Законот за заштита и благосостојба на животните се предлага глоба од 100 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ги кастрираат и ојаловат своите миленици.

Се предлага и зголемување на глобите за правни лица од 100 на 700 евра, како и зголемување на глобите за физичките лица од 10 до 15 евра на 100 евра, доколку ги прекршат одредбите од член 27 од Законот, односно ако не го пријават своето куче еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, потоа ако не истакнат табла која укажува на присуство на куче, ако на јавни места не ги држат на поводник, потоа ако не го пријават леглото во ветеринарна амбуланта, ако не ги пријават лицата кои ги вдомиле. Одгледувачниците на кучиња пак ќе платат ваква глоба ако не ја чуваат евиденцијата за домашните миленици четири години на увид на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните во прво читање е на денешната седница на Собранието. На расправата на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, која се одржа минатиот месец кажа дека размислуваат во иста насока, но дека Агенцијата подготвува сосем нов закон и дека проблемот не може да се реши само со кастрација.

Со измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на милениците што го предлага Агенцијата за храна и ветеринарство се забранува неконтролирано размножување и продажба на миленици, се забранува продажба на мачки и кучиња во продавниците за миленичиња, како и продажба на овие животни на малолетни лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025

Макрон за Путин: Тој е предатор и чудовиште / Реагираше Москва

August 30, 2025
ФОКУС

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

ВЕСТИ August 31, 2025

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот…

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

August 28, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.