Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазиците утре повторно на седница

0
By Нова ТВ on January 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието утре во 11 часот треба да ја почне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик а кој беше вратен од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, без потпишан указ и со бројни укажувања.

Седницата за овој закон претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа во предидениот рок и го стави на повторно гласање, а за законот се поднесени и рекордни над 32.000 амандмани од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Толкав број амандмани досега не се поднесени за ниту еден закон во Собранието.

Амандамните се поднесуваа постепено вчера и завчера од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а по завршувањето на рокот вчера во 16:30 часот од собраниските служби информираа дека примиле над 32.000, додека од опозициската партија за МИА посочија дека станува збор за над 30.000.

Содржината на амандманите, според Деловникот, мора да биде во согласност со укажувањата на претседателот Иванов. Партиите од владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ, како и Беса не поднесоа амандмани за законот.

СДСМ преку соопштение реагираше посочувајќи дека очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги напушти политиките на деструкција и на блокади, коишто предизвикуваат политички тензии, поделби и раздор во општеството.

„ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа опозициската партија по сопствен избор одбра да не учествува во реформскиот процес“, наведоа од СДСМ.

Поднесените амандмани ќе се разгледуваат само на пленарна седница. Предлагачите на амандамните имаат право на три минути да го образложат секој амандман поединечно, така што според одредени пресметки за тоа ќе бидат потребни 145 дена. Координаторите имаат право и на процедурални забелешки од по три минути.

За да биде донесен амандман потребно е за него да гласа 61 пратеник. Пратеникот Влатко Ѓорчев кој ги координира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во петокот најави дека тие ќе настапуваат „како и досега“ односно со десет пратенички групи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.