НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за минимална плата доби „зелено“ светло во Парламентот – од март повисок минималец за работниците

0
By Biljana on February 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 90 гласа „За“ и ниту еден против Собранието ги усвои Предлог измените за дополнување на Законот за минимална плата со кој над 80.000 работници од следниот месец на своите сметки ќе добиваат примања зголемени за 2800 денари.

Пратениците од власта и опозицијата и денеска, трет ден по ред, ги соочуваа аргументите околу тоа дали Законот е од интерес на работниците или пак е некомплетен како што тврди опозицијата.

За пратеничката Марија Костадинова од СДСМ, со носењето на овој Закон работниците ќе се заштитат од неоправдано ниски плати, а ќе се оствари уште едно ветување на власта за зголемување на минималецот. Таа рече дека анализите од минатото покажале дека покачувањето на минималната плата немало негативни ефекти врз профитабилноста на фирмите.

Марија Костадинова – пратеник на СДСМ

„Ние можеме да зборуваме за популистички суми, но факт дека Владата ги исполни своите ветувања, од 2017 година до сега минималната плата е двојно зголемена и тоа од 8.800 денари на 18.000 денари. Зборувате за скалесто покачување на платите, ние не велиме дека тоа нема да продолжи, но сметам дека мора да се даде простор за понатамошни анализи“, рече пратеничката Костадинова и ги повика колегите од опозицијата наместо да креваат паника со наводен хаос и дискриминација на работниците, да побараат од нивните градоначалници да ги почитуваат Колективните договори и скалесто да ги зголемат платите на вработените во локалната самоуправа.

На излагањето на Костадинова, реплицираше пратеничката Даниела Христова која алармираше дека трошоците за живот секојдневно растат, а инфлацијата се зголемила за над 6 отсто.

„Иако министерот за економија не убедуваше дека поради замрзнатите цени нема да има поскапување кај основните прехранбени производи, реалноста е дека поскапеа и лебот и млекото, поскапе струјата, а горивата се една посебна категорија, каде на пример, дизелот е поскапен за енормни 70 проценти. Овие податоци говорат дека покачувањето на платите е потребно, но ако се покачи само минималната плата, а нема покачување на останатите плати, тогаш како работниците ќе излезат на крај со трошоците?“, рече пратеничката Христова од ВМРО-ДПМНЕ и обвини за некооперативност поради неприфаќање на Амандманот за скалесто покачување на сите останати плати.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски пак посочи на лоша економска состојба во земјава, слабиот економски раст и ниската реализација на капиталните инвестиции поради што стагнира и растот на БДП. Државата, вели, е една од четирите нејсиромашни во Европа, а без инвестиции нема конкретни економски резултати.

Тони Јаревски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

„И после три покачувања на минималната плата, се уште не може просечната плата да стигне до ветените 500 евра. Што ќе се случи кога ќе го изгласаме овој Закон. Ќе се гарантира минимален износ од 18.000 денари, но оние работници кои досега земаа 18.500 денари ќе останат со тие 18.500 затоа што не знаеме кога ќе има усогласување. Затоа баравме да се гарантира во разумен рок усогласување со Колективните договори. Јас верувам дека мотивацијата на овие вработени кои и натаму ќе земаат 18.500 денари ќе биде намалена, но сепак ги повикувам да се борат за своите права“, рече Јаревски.

„Подобрувањето на животниот стандард е еден од приоритетите на Владата и наша обврска е да работиме за доброто на граѓаните“, рече во своето излагање пратеничката на СДСМ, Љубица Спасова. Таа потсетува дека за неполни пет години минималната плата се зголемила двојно, а платите ќе растат и во следниот период.

„Владата на СДСМ предвидува минималната плата да порасне на 20.000 денари до крајот на 2024 година. Даваме буџетска помош за исплата на разликата за придонесите од околу 1200 денари од март до декемри.  Дополнително се прават анализи за зголемување на пензиите согласно буџетските расположливи средства“, рече Спасова и додаде дека со помош на Владата над 650.000 граѓани и денеска плаќаат иста цена на струјата и покрај големото поскапување на електричната енергија на светските пазари.

Заврши општиот претрес по Предлог-измените на Законот за минимална плата

Последна говореше пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Ане Лашковска, која уште еднаш предупреди за можна „урамниловка“, односно изедначување на платите кај работници со различна квалификација и поголема сложеност на работните места. Таа вели дека со новите измени на законот, на пример, 10 работни позиции во градинките, со различни бодови ќе земаат минимална плата. Мерката за субвенционирање на разликата во придонесите ја оцени како дискриминирачка бидејќи како што рече неа нема да можат да ја користат оние стопанственици кои веќе ги користеле мерките од пакетот за Ковид-19.

Предлог измените на Законот за минимална плата се резултат на постигнатиот договор помеѓу социјалните партнери, Владата, Сојузот на синдикати и Организацијата на работодавачи. Преговорите доведоа до утврување на нова методологија за пресметка на минималната плата, која според надлежните, треба да обезбеди долгорочно решение за раст на минималецот без разлика која политичка партија е на власт.

Критериумите од новата методологијата предвидуваат годишно усогласување  на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот, а висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

(Б.Божиновска)

18.000 ДЕНАРИ МИНИМАЛНА ПЛАТА ЗА ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 18.000 ДЕНАРИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.