Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заменик директорот во УЈП имал фирма – неплаќач на данок

0
By Сашка Цветковска on February 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирма во која ко-сопственик е актуелниот заменик-директор Аргетим Асани на Управата за јавни приходи и должи на државата неплатечни давачки од околу 10 милиони денари – 4.528.415 за неплатен данок на добива, 4.058.723 милиони денари за данок на додадена вредност и 265.192 илјади денари персонален данок.

Информацијата ја објави порталот на албански јазик Дитапрес повикувајќи се на документи од Централниот регистер. НОВА ја провери сопственичката структура на фирмата ТД Авел во која еден од оснивачите навистина е Аргетим Асани, актуелниот заменик – директор во УЈП, а во редакцијата пристигнаа и документи кои ја потврдија информацијата за неплатените даноци.

Директорот Асани за НОВА потврди дека фирмата има проблеми во однос на долговите кон државата, но напомена дека тој таму е само акционер, а голем дел од тие долгови се предмет на судски спорови.

-Не знам точно колкави се долговите, но има и жалби во моментов, кога ќе завршат тие жалби долгот сигурно ќе се плати, кажете ми кој може да и избега на државата за неплатен данок. Воедно, јас не се занимавам со тоа бидејќи јас таму не сум никаков директор, само акционер. Фер е да се каже дека, исто така, јас на функцијата во УЈП стапив пред само неколку недели, а дури ни претходно не сум бил овластено лице во таа фирма, вели Асани за НОВА.

Некои од долговите се стари и речиси цел деценија. Извори на НОВА во Управата за јавни приходи коментираат дека претходникот на Асани, Мухамед Ахмети, бил сменет токму поради одбивањето да ги толерира долговите на оваа фирма. Тој одби да ги коментира овие шпекулации, но потврди дека до ден денешен не знае зошто бил сменет од таа функција.

За причините за смената на Ахмети не знаат ниту во Владата, иако тие го разрешиле и го назначиле новиот директор. На крајот на Ноември годинава на затворена владина седница Ахмети беше разрешен без образложение, а на негово место беше поставен Асани. Портпаролот на Владата Мухамед Хоџа вели дека ни тој не знае зошто Ахмети бил разрешен.

-Јас присуствував на таа седница на Владата. Немаше образложение, веројатно тоа си е договор меѓу партиите, како што знаеше во Владата не е само ДУИ, туку и ВМРО ДПМНЕ. Едноставно беше разрешен без образложение и беше назначен Асани.

Хоџа директно кажа дека директори назначува и разрешува коалицијата. Исто така, рече дека Асани бил кадар на Нова Демократија ,а не на ДУИ, но бидејќи тие им помагале на локалните избори имале добра соработка. Најави дека ќе потврди дали е сега преминат комплетно во ДУИ, но после првиот разговор не се јави.

-ДУИ го предложи, да, но го назначи владата, не само ДУИ. Тој помагаше на локалните избори, за долгот на фирмите во кои е оснивач не знам да ви кажам, тоа е се што знам, а за разрешувањето на Ахмети немаше образложение, веројатно коалицијата се договориле и тие знаат, вели Хоџа.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, не одговори на повиците ниту на смс пораките. Прво го исклучи нашиот повик, потоа прати СМС за да пријави дека во моментот не може да се јави, но потоа, откако пишавме за што се јавуваме комуникацијата престана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.