Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Замислете дека сте глумец во Македонија

20
By Биљана Секуловска on December 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да, замислете да сте глумец во Македонија. Со раскошен талент, пристојно образован, со огромен потенцијал, но сепак, вие сте само еден обичен глумец во Македонија. Во никоѓија. Сиромашен како црковен глушец- не би рекле дека сте, но стуткан и исплашен од немаштијата што допрва ве чека, големите пораки како онаа на Вајтхед- “Да се биде опасен, тоа е задача за иднината”, одамна ги рецитирате само на сцена, со страст и во очај. Протестите на хонорарците беа вашиот мал спас. И, што се случи?

Од она што можеше да се види, голем дел од пораките на некои глумци беше гневот дека политичарите ќе бидат изземени од Законот, болка која сега лесно можат да ја преболат, затоа што направени се измени и единствено пензионерите ја имаат повластицата да бидат категоријата која освен за леб и млеко, ќе може да си дозволи 100 грама месо за некој празник, ако најде некоја мизерна тезга покрај разулавената толпа млади, образовани и невработени луѓе.

И, дали оној глумец од погоре сега е задоволен? Дали е променета на подобро неговата, скоро па да стане, глувчешко-црковна положба? Ако е така, тогаш- никому ништо.

Но, знам дека воопшто така. Ги земав за пример токму глумците, целејќи на сензибилитетот, на онаа страст и страдање што ги води низ животот, кои не можат да се споредат со ниту една професија. Понекогаш неправедно потценувани, дека само говорат туѓи стихови и реплики на генијални автори, дека ги уништиле сопствените емоции, живеејќи туѓи животи, овие луѓе, да ја цитирам Мирјана Карановиќ, се подготвени да играат и ногарка од столче само да умрат за уметноста. Но, не и за да бидат понижувани и слепо да ја пропагираат радоста на животот во владините реклами. Некои се согласиле на тоа и тоа е нивниот пат, бесцелноста на животот е се што одбрале и се што заслужуваат.

Но, огромен дел од глумците, од уметниците, професорите, новинарите, живеат како оној надарен атомски физичар во Русија, опишан во еден текст на Аркадиј Бабченко, кој станува па скоро просјак, барајќи начин за да преживее. Знаете што му се случува?

Наоѓа една бедна, недостоинствена тезга, на странски научници им наоѓа референци да ги вклопат во трудовите. Но, крпи некако, заработува, мора да се преживее. Руската власт го прогласува за шпион и го осудува на 15 години затвор. Одбива да потпише дека е виновен, дека е шпион, но кога треба да излезе од затвор, го тераат да потпише или уште 10 луѓе ќе лежат. Чест е чест, а власт е власт (Балашевиќ), нашиов физичар за да спаси невини луѓе става потпис. Го протеруваат од земјата, го менуваат во Америка за некоја криминалка- ќерка на извесен битен руски генерал, која перела пари таму и е уапсена.

Што е поентата? Тврдам дека наметнувањето нови даноци за хонорарците е само политичка одлука и ништо повеќе. Да се уништат новите медиуми, порталите и секако и невладините. Но, и легално да се земат пари од главните донатори, клучните душмани, како Сорос и УСАИД и некои други, тоа е прашање на живот или смрт. Ако Путин ги протера, тој тоа го стори затоа што мисли дека е доволно моќен и не зависи од милоста на странците за да владее и не им се плаши, но во исто време мораше и новинарите и активистите да ги прогласи за странски шпиони, затоа што е свесен за нивната моќ и таа го плаши.

Но, нашиве? Многу лукаво тоа го сторија- приграбувајќи ги донациите на странците, со особено задоволство оние на Сорос и Американците, ги уништија при тоа и медиумите и невладините, она што Путин го измисли, тие го надградија. Свесни дека не можат да протераат никого како Путин, плашејќи се од моќта на странците, затоа што од нивната милост им зависи се под милим богом, ја изиграа шаховската партија беспрекорно. Засега. Само засега.

Велите, која е улогата на глумците, на уметниците во оваа приказна? Слична на рускиот атомски физичар. Колатерална штета. Ниту тој бил шпион, ниту некој од власта нашиве уметници посебно ги мрази. Но, откако и тие го кренаа гласот, ја заработија казната, после која само атомскиот физичар останува невин.

Сепак, огромните даноци на хонорарите имаат јасна цел. Да, им требаат пари за да ги покријат дупките во буџетот? Ама ве молам, нека се откажат од тркалата, Забавниот парк, барокот на ЕСМ, будалаштините што допрва следат, плус ако земат нов кредит и продадат некои обврзници, некоја од тие празни каси безмалку се затвора. Секако, ова е дополнителен мотив, тие пари кои би се слевале во буџетот се повеќе од добродојдени. Но, не е и пресуден тој мотив во планот.

Идејата е друга- затоа што штетата од критички новинари, медиуми кои опстојуваат со странски донации, од активисти, од борбените и храбри луѓе кои малку останаа, е огромна за оваа власт. Затоа е важно да се каже дека протестите ги водат и организираат соросовите луѓе, да ги именува како соросоиди, затоа што во тоа е смислата на се- да се каже дека станува збор за изопачена раса. Затоа е неопходно да се уништат.

Некои веруваат дека тоа е нивната лебедова песна, иако не е “најдоброто” што досега го дале, но е последното. Не верувам во такви предвидувања. Има уште многу да дадат, колку и да е кратко времето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.