НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заокружен дводневниот настан „Кога зградите би зборувале“

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изминатиот викенд се одржа дводневниот настан „Кога зградите би зборувале“ во организација на факултетот за работи што не се учат Битола/Скопје во просториите на киното на Железничката зграда во Скопје.

Овој двегодишен проект беше заокружен со панел-дискусија на гостите-партнери на проектот „Супервизуелна“ од Белград и „Фрлачи на сенки“ од Загреб.

Ова е прв јавен настан по двегодишната работа со станарите од зградата и регионалните партнери а од проектот произлезе и публикација на англиски јазик и краток филм кој беше прикажан во рамки на дискусијата, а беше и дел од перформансот во неделата.

Видео-продукцијата е на Илија Тирицовски, продукција на Оливер Мусовиќ, камера Александар Котевски, дрон Стојанче Чавировски, монтажа Сашко Потер Мицевски, а учествуваат станарите Слободан Кочевиќ, Иван Џијановски и Томе Каревски.

„Кога зградите би зборувале“ е колаборативен проект кој се бави со трагите на бришење или наглата изградба на колективните локални истории, земајќи како примери конкретни градски простори – згради и нивното опкружување. Бришењето или создавањето води кон една непрепознатлива промена на локалните контексти кои влијаат на сите општетсвени слоеви.

Програмата која се развива во Скопје, Белград и Загреб се занимава со промените во сфаќањата и делувањата во однос на историските, архитектонските, политичките и уметничките референци на одредени градски делови.

На првиот дел од панелот, модериран од Ивана Драгшиќ, учествуваа Саша Ткаченко од „Супервизуелна“ од Белград, Борис Бакал од „Фрлачи на сенки“ од Загреб, Ивана Васева кураторка на проектот, Филип Јовановски автор на проектот и перформансот и тројца станари на зградата.

Саша Ткаченко го претстави комплексот за домување Белвил во Нов Белград и воспоставување на однос кон јавно-приватниот простор каков што е овој комплекс згради.

„Ние работиме со згради кои поседуваат некои карактеристики на социјално домување, но всушност станува збор за една пост-транзициона архитектура, некоја платформа за заработка. Белвил првобитно е изграден за спортистите кои Универзијадата во Белград од страна на Делта, но потоа е пренаменет за комерцијални цели, а капиталот оди кај приватни лица. Постојат многу слоеви и комплексна позадина во изградбата на тој објект. Белвил настанал по примерот на мали заеднички згради, но со тек на време тоа мутирало. Преку работилниците кои ги организиравме пробавме да се отвориме кон што поголем број на станари. Така, со студентите по архитектура го истражувавме политиката и историјата на именувањето на домовите, значењето на имињата, особено во овој локален контекст за жителите на Белвил (имињата на зградите се дадени по цветови: Роза, Кала, Крин, Јоргован, Зумбул, итн.)“, рече таа.

Борис Бакал зборуваше за пост-индустрискиот пејзаж, односно за објектот на поранешната фабрика Пенкала Мостер во Загреб, нејзината интерпретација, валоризација и трансформација од страна на студентите и истражувачите на просторот – архитекти, урбани социолози, историчари на уметност, етнолози, итн.

„Работевме на просторот како ресурс, како можност за социјални врски. Почнавме да работиме на овој објект затоа што се занимаваме со градот и сите имаме искуство на живеење во заедница. Пенкала Мостер е една од најславните фабрики изградена кон крајот на 19-от век, која тогаш била и најголема фабрика за поизводство на пенкала во светот. Уште тогаш се размислувало за хуманиот аспект на трудот – фабриката имала место за децата на вработените и здравствен дом, некои од нив имале обезбедено и станови во еден дел од објектот. За време на Втората светска војна фабриката ги менува сопствениците, по што станува текстилна фабрика именувана по една од најзначајните партизански борки Нада Димиќ сè до 2002 година. Пазарот се отвори за Кина и Турција и како и многу други текстилни фабрики е уништена. Оваа фабрика е една од ретките која се наоѓа во самиот центар на Загреб и денес претставува жива рана. Ние сакавме да стигнеме до граѓаните и тие сами да одлучат што таа зграда треба да биде. Исто така, долги години работевме со станарите на познатата зграда на архитектот Иван Витиќ, исто така во центарот на Загреб. Кога подолг период тие ја преземаа иницијативата започна обновата на овој културен споменик, за кој претходно и самите не беа свесни дека го поседуваат“.

Што се однесува до Железничката зграда, за Ивана Драгшиќ целта е да се зачува сеќавањето за ова културно наследство и да создадеме нешто што во иднина би иницирало заштита на ова културно добро.

Ивана Васева, кураторка на проектот

„Железничката зграда се наметна како природен интерес на она што го работиме, односно интересот за она што значи заедницата во денешен контекст. Едно од централните прашања за мене е што значи тишината во оваа зграда која е неверојатно акустична – ако еден зборува во дворот сите станари слушаат.

Филип Јовановски, автор на проектот

„Ние не правевме проект за зградата, туку со зградата. Таа има социјален, уметнички и политички потенцијал, бидејчи самиот архитектонски простор е таков“.

Тројцата станари кои учествуваат во проектот уште од самиот почеток пред две години – Слободан Кочевиќ, Иван Џијановски и Томе Каревски, истакнуваат дека најголемиот проблем е активното вклучување на сите станари од вкупно 72 стана колку ги има во зградата. Исто така, борбата со општинските власти и нечии приватни интереси ја оставаат зградата во немилост и пропаѓање во изминатите 20 години. Просторот на киното кое  е единствено од овој тип во Скопје има важна историска и културна вредност и мора да се обнови и стави во функција.

На вториот дел од дискусијата, модерирана од Дејан Ивановски, истражувач и ко-автор на проектот, учествуваа Хелена Стерпин, архитектка од Пула, Тадеј Курепа, новинар и политиколог од Белград, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска, професори на Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје.

Дејан Ивановски

„Првото прашање кое ме интересира е што претставува зградата како урбано ткиво, а второто е кои се нејзините предности и мани и кои трансформации се случуваат на самата зграда и нејзините станари“.

Хелена Стерпин е ко-основач е на детската и архитектонската едукативна програма на Асоцијацијата на архитекти од Истра и претсави еден од проектите во Пула работени со деца од основни училишта.

„Сакавме да го надокнадиме намалувањето на бројот на часови по ликовна и техничка култура во училиштата почнавме со архитектонска едукација за деца и работилници. Децата треба да научат дека заедничкиот простор не е ничиј туку е наш, им припаѓа на сите. Работевме на тоа да го сфатат односот меѓу човекот и просторот кој тој го создава и работата и функционирањето во колектив“.

Марија Мано Велевска како професор на скопскиот Архитектонски факултет се осврна на квантитативен и квалитативен раст на Скопје, особено во населбите Дебар маало и Буњаковец, каде приипаѓа Железничка зграда која е еден од малкуте простори со зеленило во овој дел на градот (заедно со дворот на училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци и платото пред Универзалната сала), населби постојано изложени на изградба на згради и уништување на јавниот простор. Таа претстави и еден сличен објект на Железничката зграда од Берлин чие функционирање би можело во иднина да се примени и на овој објект.

Тадеј Курепа зборуваше за социјалниот аспект на културата и проектот „Попаметни згради“ (Паметније зграде) каде идејата цената на становите би била 300 евра по метар квадратен.

„Самиот модел е еден нов или редефениран пристап кон изградбата на станови и го покренува прашањето н општествената еднаквост и нееднаквост, различните аспелти на нееднаквоста и можностите со акцент на заедништвото. Се наметнува прашањето како денес го решаваме своето станбено прашање кога (во Србија) ни се потребни години да можеме да купиме стан“.

Слободан Велевски

„Мојот однос кон Железничката зграда е пред сè личен бидејќи сум прв сосед на објектот и голем дел од спомените од детството доаѓаат од заедницата која живее овде. Јас инсистирам на архитектурата како професија која се темели на колективот, односно создавање на чувство на припадност и во крајна линија создавање на идентитет кој го раѓа тој колектив и територијата. Доколку дворот и кино-салата во зградата станат видливи, се отворат ќе генерираат капитал. Станарите треба да станат свесни дека отворањето ќе им донесе бенефит“.

 

Настанот беше заокружен во неделата со перформансот „Кога зградите би зборувале“ со актерите Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева, Долорес Поповиќ и Благој Веселинов. Перформансот е прошетка на публиката низ зградата преку сеќавањата на станарите и нивните приказни, спој на факти и фиктивни настани и ликови врзани за зградата. Перформансот беше дел од придружната програма на фестивалот „Млад отворен театар“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.