НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западен Балкан напредува во вработувањето, назадува во трговијата

0
By Соња Трајковска on June 28, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регионалниот совет за соработка (РСС) во кој членуваат шест земји од Западен Балкан – Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, констатира дека во 2016 регионот бележи променлив напредок во однос на имплементацијата на Стратегијата за ЈИЕ 2020, договрени од министрите за економија во 2013. која опфаќа неколку 11 цели, меѓу кои: раст на БДП (пер капита), БДП по вработено лице,вкупната трговија на стоки и услуги, внатре регионалната трговија, вкупниот прилив на странски директни инвестиции, вработување на високобразувани кадри, учеството на обновливите извори на енергија во целокуопното користење на енергијата и ефикасноста на владеење.

На годишниот состанок што се одржува денеска и утре во Дубровник, Хрватска, Упавниот одбор на Советот констатира дека и покрај негативните влијание на политичките настани врз инвестициите и намалениот број на инвестиции кои влијаат на развојот и зголемување на трошоците за живот, намалениот капацитет на владите да имплементираат реформи и намалената бизнис активност, со економски речник кажано, регионот се враќа на „шемата на стабилен раст со позитивен тренд што се очекува во претстојниот тригодишен период“, до крајот на стратегијата во 2020 година.

Од 11 цели, две се веќе исполнети, три години пред крајниот рок: трговскиот баланс (увоз –извоз) на регионот во целина и вработување на високообразувани кадри (146%).

Сепак, во неколку други цели се бележи напредок, кој како што рече гереналниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ има голем напредок и реална можност за остварување на планираното во Стратегијата: вработувањето и учеството на обновливите извори на енергија во севкупното користење на енергијата, каде лидери се Албанија, Црна Гора и БиХ поради големиот број природни водени ресурси.

Поголемо учество на обновливите извори на енергија 

Констатирано е намалување на негативниот трговски баланс што регионот го имаше со трговските партнери, а како втора успешна приказна во изминатата година е враќање на растот на вработеноста во изминатите 5 години балканските економиии успејаа да отворат речиси 400.000 работни места.

Предвидувањата за растот на БДП пер капита во однос на просекот во ЕУ во стратегијата 2020  се прилично разочарувачки, бидејќи досега се остварени само во една третина од ЕУ просекот или во текот на минатата година само во 17 %.

Напредокот во трговија на стоки и услуги исто така е само 32%.

Но сепак, најразочарувачки податоци има во внатре регионалната трговија на стоки каде има негативен тренд и пад од 15%. За споредба трговијата со парнерите надвор од ВБ6 регионот (шестте земји од Западен Балкан) пораснала за 37%.

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции од 3,6 милијарди во 2010 до планираните 7,3 до 2020 досега е остварен во само 27%. Заклучокот е дека за жал регинот нема да ја достигне проектираната цел до 2020 доколку не бидат преземени многу поефективни реформи и во онос на инвестициската политика и во унапредување на вкупната бизнис околина.

Како позитивни примери во оваа област се наведуваат Црна Гора, Србија и Македонија.

Горан Свилановиќ, генерален секретар на РСС

Охрабрувачки напредок има во однос на стапката на вработување на лица од 20 до 64 години и е на 57% до остварување на проектираната цел до 2020.

Во однос на учеството на обновливите извори на енергија во целокуопното користење на енергијата има голем напоредок во регионот изминатата година и засега е постигнато 71% од планираното до крајот на оваа декада. Денеска се усвоени уште 4 нови цели кои се однесуваат токму на оваа област.

Исто така добар напредок Советот гледа во ефикасноста на владеењето при што половина од проектиранат цел е веќе постигната иако изминатата година се регострирани извесни уназадувања.

Од РСС напоменуваат дека овој податок е врз основа на индикаторот на Светската банка (прокеција) за ефикансноста на Владата да реагира во економијата.

Македонија некаде на средината

Македонија, според денеска усвоениот годишен извештај, за изминативе 5 години отворила 86.000 работни места.

Бројот на високо квалификувани кадри таргетирани со стратегијата за 2020 е надминат за 48%, но затоа амбициозната цел поставена во оваа стратегија за дуплирање на странските директни инвестиции и натаму е под потребното ниво и е околу 44% од планираното.

Растот на БДП е само 20%.

Економијата  е меѓу оние каде вработувањето покажува континуиран раст и моментално е на 55%, што според Свилановиќ, е на добар пат да се постигне планираната цел со стратегијата 2020.

Лидери и потфрлувачи

Како што истакна Свилановиќ на прес конференцијата, податоците во извештајот се резултат на заедничкиот перформанс на сите земји, кои во некои области имаат добри, а во некои лоши резултати.

Лидер во регионот со веќе постигната цел на СЕЕ 2020 во однос на внатре регионалната трговија на стоки е Албанија, со остварени 111% од планираното.

Во однос на вработувањето на високообразувани кадри лидер е Србија која ја надмина планираната цел до 2020 за 248%.

Негативни трендови во однос на странските инвестиции имаат Косово и Босна и Херцеговина кои бележат минусно салдо – БиХ -25%, и Косово -35%.

Регионалниот Совет за соработка е во служба на регионалната соработка и европската и евроатланстската интеграција на ЈИЕ со цел да го  поттикне напредокот во регионот во корист на нејзините граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.