Патувачката изложба на 60 фотографии објавени на порталот за Западен Балкан на „Нешенел Џиографик“ (National Geographic) ќе биде отворена утре во Куршумли ан, со почеток во 15 часот.
Порталот, како и изложбата, се по иницијатива на Советот за геотуризам на Западен Балкан од „Нешенел Џиографик“, заедно со USAID и RC, за потткинување на регионалниот туризам и формирање мрежа која понатаму ќе разработува разни иницијативи од регионот.
Земји учеснички на оваа мрежа се Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Изложбата за првпат беше прикажана во Вашингтон, во јуни минатата година, при промоцијата на јавното пуштање на порталот. После Вашингтон изложбата пристигнува прво во Скопје, а потоа ќе продолжи низ Балканот и Европа..