НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западен Балкан заложник на Европа, а Европа заложник на Украина ?

0
By Mirjana on June 23, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Нано Ружин 

Додека јавното мислење во нашата држава е вознемирено со бројните анализи на проектот на претседателот Макрон за деблокада на „бугарското вето“, неговата партија „Република во одење“ не успеа да го добие апсолутното мнозинство во парламентот. Овој неуспех значително ја намали „грандиозноста“ на Макрон и на меѓународен план. Тој ја загуби брилијантната репутација чија величина се споредуваше со политичкиот талент на една Ангела Меркел. Сепак неговите европски амбиции не згаснаа независно од изборниот неуспех.

По неговата посета во формат на европска тројка Макрон, Шолц и Клаус Јоханис од Романија на Киев, Европската комисија ја прифати иницијативата на балтичките и централно-европските држави за давање на „кандидатски статус“ на Украина, на Молдавија и на Грузија. Останува уште Советот на ЕУ да се изјасни за овој секавичен „евро-блиц“. Дали со овој чин трката кон членство меѓу Западен Балкан од една и Украина, Молдавија и Грузија од друга страна ќе се интензивира и ќе прерасне  во натпреварувачки хит на ЕУ?

Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија – теоретски се во водство, откако Европскиот совет во Солун на 23 јуни 2003 година им даде „европска перспектива“, кои веќе две децении сонуваат за ЕУ. Меѓутоа нивниот напредокот беше многу ограничен. Меѓу седумте аспиранти, единствено Хрватска успеа да се приклучи на релативно брз начин (2013 година).

Црна Гора е во преговори за членство веќе десет години, со само три од триесетте отворени поглавја кои се привремено затворени. Рекордот два наспроти осумнаесет не е кој знае што ниту за Србија, која преговора веќе осум години. Бугарија упорно го задржува своето вето за отворање на преговорите со Северна Македонија поради ирационални идентитетски и јазични причини. Албанија, заради ставот на Советот за „заедничко отварање на преговорите“ е поврзана со Северна Македонија, и затоа е сè уште блокирана.

Што се однесува до Босна Херцеговина и Косово, тие остануваат со тешка дијагноза како „недовршени и нестабилни држави“, со статус на „потенцијален кандидат“, што е далеку од  статусот на кандидат како што Комисијата ги препорача Украина, Молдавија и Грузија. Отежителна околност за  Косово е што не го признаваат пет земји-членки на Унијата исто како и Србија, која смета дека поранешната автономна покраина, нелегитимно се   самопрогласила за независна држава во февруари 2008 година.

Босна и Херцеговина, исто така, е хендикепирана на патот кон Брисел, со оглед дека Бошњаците, Хрватите и Србите не се во состојба да изнајдат консензус за пофункционален модел на федерална држава. На тој начин, конститутивните ентитети на БиХ покажуваат неспособност и политичка недозреаност да ги исполнат 14-те приоритети поставени од страна на Унијата за добивање кандидатски статус.

Иако одложувањата и пречките се, пред сè, поврзани со недоволната политичка волја за реформи од страна на политичките елити во засегнатите држави, резултатот се преведува преку метафората за губење на кредибилитетот кон  Европската Унијата. Геополитичкиот вакум што Русија, Кина и Турција со задоволство го исполнуваат, ендемски го зголеми нивното влијание. Додека растат стравувањата дека Москва заради војната во Украина, егзогено може да ги користи своите мрежи за дестабилизација, Западен Балкан, е повеќе загрижен дека војната во Украина ќе го промени редоследот на приоритетите, особено затоа што Европскиот совет веднаш побара мислења за кандидатурата на Украина, Молдавија и Грузија.

Оттука е разбирлива луцидната заложба на Косово и БиХ за добивање кандидатски статус, независно од непризнавањето односно неисполнувањето на 14-те приоритети.

Макрон: патот на Западен Балкан кон ЕУ е веќе трасиран!

Во „Заклетвата од Стразбур“ до Европскиот парламент од 9 мај 2022 година, претседателот Макрон ја предложи „европската политичка заедница за да ја реструктуира Европа во пошироки географски димензии од оние на Европската Унија“. За аналитичарите овој геополитички утописки сон потсети на идеите на „Заедничкиот европски дом“ на претседателот на Франција, Митеран од 1991 година.

Претседателот Макрон само што го освои вториот претседателски мандат, а  веќе мораше да се соочи со одговорот кон апликациите на Украина, на Молдавија и на Грузија за членство во ЕУ. Неговиот утешен каприц  да ги смири Источните партнери создаде неповолни реакции и имагинации во Западен Балкан. Независно што на прес-конференцијата тој прецизираше дека „за Балканот патот е веќе трасиран“, што имплицира на членството, сомнежите кон идеите на Макрон постојано јакнат.

Сопствената геополитичка еуфемија, Макрон ја дообликува на 20 мај кога изјави: „оваа Заедница би била надополнување, а не алтернатива на процесот на проширување“. Кон сомнителниот проект на Макрон реагираа МНР на Австрија, на Унгарија, на Словачка, на Словенија и на Чешка и побараа од Жозеф Борел итно да се отвори дебата во Советот за „за да се даде свежа крв во поттикнувањето на интеграцијата на Балканот“. Апелот вроди со плод, бидејќи за најавена средба на лидерите на Западен Балкан со лидерите на ЕУ на маргините на Самитот на ЕУ закажан за 23 јуни 2022 година.

Во Брисел се смета дека процесот на пристапување на Западен Балкан повеќе не е соодветен, и покрај имплементацијата на новата макронова методологија усвоена од страна на Советот во мај 2021 година. Претседателот на Советот Шарл Мишел на 18 мај 2022 година предложи одредени промени за поефектен „прогресивен, постепен и реверзибилен процес на пристапување, придружуван  со социо-економски придобивки за време на претпристапувањето“. Тој ја повтори истата идеја и во Белград на (19 мај 2022 година) кога истакна дека: „Треба да се создадат нови стимулации за реформите, што ќе значи да се започне интеграцијата уште за време на пристапните преговори, наместо да се чека нивниот заклучок“. Ова е навистина поинаков пристап што ЕУ го промовира од 2019 година.

Се чини дека овој предлог е корисен и може да претставува појдовна рамка и за односите со аспирантите на Западен Балкан како и Источните партнери. Овој модел се потпира врз три принципи: надминување на бинарниот систем на ограничена помош пред стекнувањето на членството проследено со огромни средства, напредок кон членството во фази согласно постигнатите реформи, каде по секоја помината фаза се овозможува пристап до поголеми средства и воспоставување на фаза за консолидација на крајот од преговорите пред стекнувањето на полноправно членство. Првиот чекор би бил спроведувањето на договорите за асоцијација и одредени симболични реформи. Тогаш земјата -кандидат би добила дел од структурните фондови, но повисоки од она што би ѝ го доделила програмата за претпристапна помош (ИПА).

Вториот чекор на С. Македонија кон ЕУ-интеграција во внатрешниот пазар

Следниот чекор на државите-кандидати е насочен кон интеграција на нивните стопанства во внатрешниот пазар на Унијата. Анкетирањето на стопанствата во комбинација со паралелната реализација на регионалниот заеднички пазар, треба да ги забрза инвестициите и да ја ограничат емиграцијата. Државите на Западен Балкан остваруваат 66% на трговските размени со ЕУ. Реформите во различните сектори/поглавја ќе поттикнат премин во повисоките фази. Напредокот во основните елементи на владеењето на правото треба да се постигне во текот на целиот процес. На пример во борбата против корупцијата во однос на внатрешниот пазар (особено јавните набавки и конфликтот на интереси). Секоја промена на фазите ќе обезбеди пристап до поголеми средства. Приоритите ќе се наметнат низ новите симболични политики на Унијата, како што е „Зелениот договор“, односно поврзувањето со безбедносната и одбранбената политика. Кога Комисијата ќе потврди дека се исполнети критериумите за членство, ќе се отвори завршна фаза каде што кандидатот ќе се здобијат со правата кои се однесуваат на позициите на  членство, со исклучок на правото на вето и без правото на именување на комесар. Последната фаза на консолидација се ефектуира заради две причини. Од една страна, треба да се потврди дека усвоените acquis биле ефикасно имплементирани, дека земјата не  ги негира вредностите  и принципите кои се прифатени, ниту се спротивставува на новите заеднички политики. Во оваа етапа се става и крај на сложените билатерални спорови, како што ги имаат сите држави на Западен Балкан со соседите. Воедно  Унијата, ја финализира новата ситуација на функционирање, вклучително и утврдување на бројот на комесари. На крајот од оваа фаза, со променливо времетраење, аспирантот како Северна Македонија по сите перипетии  би станала полноправна членка на Унијата. Прашање на години, децении…засега никој неможе да ја облече мантијата на Баба Ванга и да пророчи каква ќе ни биде европската судбина.

Западен Балкан до Украина: „Добредојдовте во клубот на маргинализираните“!

Дебата во Европската комисија околу трите држави-можни кандидати била мошне интензивна со оглед дека  претседателката Урсула Фон Дер Лајн преку неколку изјави сугерира дека „го поддржува  кандидатскиот статус на Украина, Молдавија и Грузија, без претходно да се консултира со сите членови на Комисијата. Доколку Комисијата се држи до критериумите за членство и досегашната практика, таа требала да предложи статус на „потенцијален кандидат“ и да ги посочи условите и реформите што треба да се спроведат за да го достигнат статусот на  формален „кандидат“. Од друга страна, Комисијата неможела да ги игнорира тешкотиите на Унијата за интеграција на три источни партнери, бидејки е свесна за  трошоците кои се неопходни за реформите во повеќе  политички домени како  и  за реформите на самата Унија. Воедно   не е може да се игнорираат граничните и безбедносните прашања со Источните партнерии Русија. Се разбира, во оваа фаза станува збор само за одговор на прашањето за статусот, но позитивниот одговор на Советот  ќе го отвори и патот кон членството. Оттука е значајно да се наведат, во најмала рака, релевантните елементи за остатокот од процесот без да се занемарат и  алтернативите.  Дебатата е далеку од смирена расправа  кога на пример Олга Стефанишина, заменик-премиерка на Украина задолжена за европските интеграции со емоции вели „ние веќе го плативме нашето членство со крв“. Нејзиниот Министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, се жали дека „одредени земји-членки ја третираат Украина како држава од втора класа“. Добре дојде во клубот, можат да му одговорат колегите од Западен Балкан. Конечно и МНР на Молдавија Николае Попеску, насекаде порачува  дека евентуалното одбивањето на Унијата „ќе покаже дека неговата земја е заложник на Русија“.

Дали ЕУ е заложник  на Украина и Молдавија ?

Дали Европската Унијата е заложник на Украина и Молдавија кои сметаат дека „ЕУ им должи членство? Украинците сметаат дека  „војната го создала правото на брзо членство на Украина во ЕУ“?  Балтичките и централноевропските држави, како и Европскиот парламент отворено и емотивно ја изразија поддршката кон новите можни кандидати. Од друга страна, австрискиот МНР, Александар Шаленберг го изрази своето противење, повикувајќи на алтернативни решенија. Сигурно е дека во дебатите на Советот тој нема да биде изолиран. Премиерот Орбан може да се спротивстави на кнадидатурата  поради неговите врски со Путин и  поплаките за наводниот дискриминаторски третман на унгарското малцинство во Украина. Претпазливоста на Холандија и предлозите на Енрико Лета и Емануел Макрон покажуваат дека Советот ќе биде многу поделен и во атмосфера која многу веројатно ќе биде штетна. Поранешниот италијански премиер Енрико Лета, предложи создавање на  Европска конфедерација од 36 земји со Западен Балкан. Идејата е идентична  со желбите на Горбачов и Митеран  кога еуфоричноја заговарале  во јуни 1991 во Прага. Меѓутоа овој пат очигледно проектот  не смета на Русија.

Овој предлог бил отфрлен, особено по интервенцијата на  Вацлав Хавел,  кој сметал дека на државите од Централна Европа им припаѓало „историското право“ да се здобијат со членство во ЕУ“. Во својата „Стразбуршка заклетва“ пред Европскиот парламент на 9 мај 2022 година, претседателот Макрон предложи „Европска политичка заедница“. Тоа значи нова организација која ќе им овозможи на демократските европски нации кои се придржуваат до  основните вредности да најдат нов простор за „ политичка соработка, безбедност, кооперација доменот на енергетиката, транспортот, инвестициите, инфраструктурата, циркулацијата на луѓето и особено на нашата младина“. Приклучувањето на политичката заедница нема да ги прејудицира идните пристапи во Европската унија“.  Аргументи на Макрон дека „ Европјаните  имаат историска должност, да отворат историска рефлексија за организацијата на  континентот. Тој инсистира да им се каже вистината на аспирантите  дека процесот што ќе им овозможи да се приклучат ќе потрае…. веројатно неколку децении… освен ако не одлучиме да ги намалиме стандардите за членство“.

Воедно присутни се и ризиците поврзани со ветото на земјите-членки во секое време во толку долг временски период. Постои  и ризикот од создавање очекувања кај граѓаните со разочарувања и изгубени илузии , што ќе доведе до фрустрации и постепено губење на кредибилитетот на Унијата. како што е случајот со Западен Балкан. Конечно, постои ризик од зајакнување на евроскептичниот и популистички дискурс. Или Советот ќе го поддржи  целосно или делумно предлогот на Комисијата, или ќе се изјасни за статусот   „потенцијален кандидат“ со оглед  дека трите земји се толку далеку од можност да влезат во процесот.

Авторот е универзитетски професор 

колумна Нано Ружин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.