Западните и американските разузнавачи одблиску ги следат знаците за потенцијалните руски активности на Западен Балкан, јави пред малку Си-Ен-Ен.
Мрежата за оваа информација се повикува на извори блиски до разузнавачките шефови, при што се тврди дека досега не се забележани никакви сомнителни активности.
Под таков мониторинг се и руските активности во Молдавија каде Русија ги поддржува сепаратистите во Транснистрија. Оваа внимателност произлегува поради загриженоста на Западот дека амбициите на рускиот претседател Путин би можеле да бидат поголеми од Украина, се вели во информацијата.