Олимпискиот факел за Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, 2014 година запален е денеска во Олимпија, Грција.
На свеченоста, претседателот на Олимписки комитет Томас Бах ја повика Русија да се придржува на вредностите на Игрите.
Тој рече дека факелот е симбол на пријателството, совршеност и почит “, без било каква форма на дискриминација”.
Огнот на 5 октомври ќе тргне од Сочи на 123 дена долго патување од 65.000 километри, во рамките на кое е предвидено да замине во вселената, да го посети најдлабокото езеро во светот Бајкал, како и Северниот пол, пред на 7 февруари повторно да стигне во Сочи на свеченото отворање на игрите.
Зимските олимписки игри во Сочи ќе се одржат од 7 до 23 февруари.
Подготовките на Русија за Игрите во февруари 2014 неодамна беа засенети од донесувањето на контроверзниот нов закон, кој се гледа како на анти-геј.