Во Хрватска утринава во 7 часот се отворени околу 6 500 избирачки места на кои 3,7 милиони гласачи кои ќе го дадат своето право на глас на локалните избори. Ќе избираат жупани, градоначалници,началници на општини, заменици од редовите на националните малцинства, членови на оштинските и градските совети и жупаниски собранија за наредните четири години.
За гласовите на избирачите ќе се борат 56 560 кандидати од 104 партии и 498 кандидатски листи на групи избирачи. Од вкупно 75 функции 39 им припаѓаат на Србите, а за нив ќе се борат 101 кандидат. За замничките места ќе се борат Чесите, Италијанците, Унгарците и други национални малцинства.
Изборните места се затвараат во 19 часот до кога трае изборниот молк, а потоа ќе започнат со објавување на првите резулатити од гласањето.