Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна комисиската расправа за поевтинувањето на струјата

0
By НОВА ТВ on July 5, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за финансирање и буџет како матична собраниска комисија денеска ја почна амандманската расправа по Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои за годинава се предлага намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.

Пратениците расправаа по првиот амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара стапката на данокот на додадена вредност за електрична енергија од пет проценти да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите и за индустријата.

Претседателот на Комисијата Тимчо Муцунски апелираше до пратениците од парламентарното мнозинство да го прифатат амандманот бидејќи, како што рече, тие се во интерес и на граѓаните и на стопанството. Според Муцунски, со предложениот закон, цената на струјата не се намалува, туку само се одржува.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи намалување на ДДВ-то, но бараме тоа да биде посеопфатно од она што е предложено во законот, рече Муцунски.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски посочи дека намалувањето на ДДВ-то се однесува на домаќинствата на регулираниот пазар и оти ваквата интервенција на Владата, која се прави за првпат, е во интерес на граѓаните.

– Одлуката за цената на струјата ја определува Регулаторната комисија за енергетика и тука Владата нема влијание, но можеме да влијаеме врз ДДВ-то и затоа имаме предлог за намалување на даночната стапка од 18 на 5 проценти со што ќе овозможиме цената на електричната енергија кај финалниот потрошувач да не се почувствува, рече Ковачевски.

Нагласи дека од 2006 до 2017 година цената на струјата за домаќинствата била зголемена за 82 проценти и во ниту еден момент од тогашната Влада не било предложено намалување на ДДВ-то, додека од 2017 до 2020 година имало намалување на цената од 3,94 проценти.

Опозицијата има поднесено уште еден амандман со кој се предлага стапката од пет проценти да остане и во ситуација ако цената на струјата остане иста или продолжи да расте и во иднина.

Амандманската расправа продолжува утре во 12 часот.

Комисијата денеска го разгледа и Предлог-законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка во второ читање. На Предлог-законот беа поднесени четири амандмани од страна на пратеникот Љупчо Балковски, но тие беа одбиени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.