Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна првиот NASA Space App Challenge во Македонија

0
By Нова ТВ on April 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Официјално започна првиот NASA Space App Challenge во Македонија. Во следните 48 часа програмери, инженери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти од Македонија и светот групно ќе работат на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за глобалните потреби на земјата.

Настанот кој се одржува во Seavus едукативниот и развоен центар го отвори координаторот на проектот во Македонија кој ги охрабри учесниците да веруваат во себе.

“Драги учесници, тука сте за да си покажете себеси, а и на светот дека вашиот труд вреди, дека вашите знаења и талент се рамни на оние кои го однеле човекот до Месечината, вселенските ровери на Марс, а Војаџер 1 до границите на сончевиот систем. Бидете сигурни во тоа што ќе го работите, и верувајте им на својата креативност, способности, можности, талент и знаење”, изјави Војдан Јорданов координатор на проектот.

Директорката на Seavus едукативниот центар во кој и се одржува настанот во своето обраќање до присутните нагласи дека клучни зборови со кои може да се опише настанот се нови идеи, иновативнот и соработка.

“Верувам дека повеќето од Вас кога мислат на иновации мислат на одбрани луѓе кои работат во специјални услови и по однапред дефинирани процедури. Но Ве уверувам дека иновативноста не е резервирана само за специјални луѓе поставени на специјални места. За уникатни и значајни идеи потребна е помалку хаотична околина каде луѓе со различна позадина и искуство, од различни возрасни групи па дури и континенти, ќе дојдат во интеракција, каде ќе имаат можност за споделување на размислувања, искуства, грешки, недооформени идеи… кои кога ќе се поврзат ќе резултираат во нешто многу поголемо. Токму можност за вакво нешто имате Вие во следните 48 часа”, изјави Ирена Чаушевска, директор на Seavus едукативен и развоен центар.

На отварањето на настанот присуствуваше и Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски кој истакна дека и во Македонија има кадри кои можат да се носат рамо до рамо со светски компании.

„ Она што Владата и Министерството за информатичко општество и јавна администрација го имаат направено изминативе години е токму тоа, да докажеме дека Македонија е земја на информатичари и дека покрај тоа што сме мала земја ние сме умствено силна, рамо до рамо со која било друга земја. Токму затоа и НАСА ја селектира Македонија да биде меѓу тие 80 градови коишто денеска паралелно со вас овде ќе се натпреваруваат за најдобрите публикации”, рече министерот Ивановски.

NASA Space App Challenge е најголемиот hackathon настан во светот според бројот на пријавени учесници, чија цел е решавање предизвици за изнаоѓање корисни open-source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и вселената. На предизвиците во Македонија овој викенд ќе работат над 100 учесници.

Дводневниот настан се оддржува истовремено на 83 локации во светот и ќе инкорпорира предизвици од хардвер, софтвер и визуализација на податоци.
Најдобрите решенија ќе бидат наградени, а проектите ќе бидат оценувани од реномирани стручни лица од индустријата и академијата за подоцна да се вмрежат со победничките решенија на интернационално ниво.

Локален партнер и организатор на настанот е најголемата ИТ компанија во Македонија Seavus.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.