Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна вежбата „Блесок 22“ на македонската Армија

0
By Biljana on April 3, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во кампот за обука „Пепелиште“ почна националната теренска вежба „Блесок 22“.

Вежбата ќе се одржи во период од 3 до 11 април, со изведување на активности на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ – Штип и касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, информира Министерството за одбрана.

На вежбата ќе учествуваат околу 1100 припадници од Армијата, како и одреден број на оценувачи и набљудувачи од НАТО. Од Министерството велат дека основната цел на вежбата „Блесок 22“ е оценување на борбената подготвеност на Лесниот пешадиски баталјон (лпб), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО – CREVAL (Combat Readiness Evaluation).

На денешната церемонија за отворање на вежбата присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на прва пешадиска бригада, полковник Сашко Лафчиски, а пред учесниците на вежбата се обрати директорот на вежбата, потполковник Зоран Сумрачки.

Сумрачки истакна дека со успешна реализација на оваа вежба има можност да покажеме дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно единствени стандарди, кои се потребни во заедничкото делување во справување со современите безбедносни закани.

Во текот на утрешниот ден во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе отпочнат првичните активности за оценување на единицата по елементите на оценување во мирновремени локации.

„За реализација на вежбата ‘Блесок 22’ ќе се користи фиктивно сценарио, при што се креирани настани и инциденти кои ќе овозможат единицата да се извежба и оцени согласно НАТО стандардите, односно Лесниот пешадиски баталјон ќе може да ја демонстрира својата борбена готовност да се соочи со сложеноста на бојното поле, се вели во соопштението.

Оценувањето ќе го спроведува национален тим за оценување, кој е сертифициран од страна на НАТО школото за вршење на оценување на борбена готовност на копнените сили, според стандардите и процедурите на Алијансата при што ќе се оценуваат постапките во седум различни области на способност. Ова е прво оценување на поголем состав во Армијата по нашето полноправно членство во НАТО, за чија успешност голем мотив се високите оценки кои ги добиваме во досегашните години од страна на НАТО за успешно изведените вежби на претходните оценувања на декларираните состави, но и при извршувањето на мировните мисии.

За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи, зависно од обемот на оценување.

Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето, по што резултатот ќе биде соопштен на оценуваната единица.

(Извор: МИА)

Армијата Блесок 22 НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.