Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува 12-то издание на „Синедејс“

0
By Нова ТВ on November 14, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со музичкиот документарен филм „Меѓу два урагана – ТHE ROLLING STONES“, денеска започнува 12-то издание на Фестивалот на европски филм – Синедејс 2013. Фестивалот ќе се одржува од 14 ноември до 23.

„Меѓу два урагана – ТHE ROLLING STONES“ е под режисерска палка на Брет Морген, во кој ќе бидат прикажани почетоците, подемите, разочарувањата, како и коментарите на живите легенди зад сцена.

Од официјалната селекција на Синедејс 2013, на 15 ноември, ќе се прикажува филмот „Во цут“, добитник на главната награда „Срце на Сараево” на Сараевскиот филмски фестивал; магичната еко-приказна. Целосната содржина од официјалната селекција:

1. „Во цут”, добитник на главната награда „Срце на Сараево” на Сараевскиот филмски фестивал; магичната еко-приказна (15 ноември 2013)
2. „Кококо” на авторката Дуња Смирнова, драма за снаоѓањето во животните неприлики која освои специјална награда на жирито на Московскиот филмски фестивал; грузиската питорескна драма (16 ноември 2013)
3. „Не престанувај“ на Ричард Рерича; чешки филм кој зборува за Прага во 80-тите години (16 ноември 2013)
4. „Момчето што јаде храна за птици” на грчкиот режисер Екторас Лигизос, со награда за најдобра режија и најдобра машка улога на Атинскиот филмски фестивал и номинација за главна награда на фестивалот во Карлови Вари (17 ноември 2013)
5. „Бојата на камелеонот” на бугарскиот режисер Емил Христов, специјална награда од жирито на Солунскиот филмски фестивал; одличната семејна драма (18 ноември 2013)
6. „Шел”, дело на Британецот Скот Греам, номиниран за Best British Newcomer на претстојниот Лондонски филмски фестивал (18 ноември 2013)
7. „Гладен човек” на францускиот наратор Филип Мартин (19 ноември 2013)
8. „Талеа” на австриската дебитантка Катерина Мукштајн (19 ноември 2013)
9. Ротердамскиот апсолутен победник на чешката режисерка Мира Форнеј, контроверзната драма „Моето куче Килер”; руската социјална сатира (21 ноември 2013)
10. Грузискиот филм „Набор на моето ќебе”, филм кој својата премиера ја доживеа во програмата Панорама на годинешниов Берлински филмски фестивал (22 ноември 2013)

> Репертоарот за 21 филм одредени за Гала премиера <На располагање за проекција на целата филмска програма на годинешниот Европски филмски фестивал Синедејс, ќе бидат сите кино сали на МКЦ, Градското кино Милениум, Кино салата Фросина, Џебното кино и плус Кинотеката на Македонија и Автокиното. По двегодишно исчекување, на Синедејс, повторно во Скопје, ќе биде отворено Автокино.Минатиот викенд, како и овој што следува (15-16.11) најпосакуваните филмови од изминатиот Синедејс, скопјани ќе можат да ги проследат од своите возила, на паркингот во стариот дел од Градскиот парк.> Репертоарот за 6 филма од CineBalkan <Во Кинотеката на Македонија, годинава, во рамките на програмата Земја во фокус ќе се проектираат: живописната кинематографија на африканскиот континент и кинематографијата на јужно-американска држава Еквадор.Африканската селекција ќебиде застапена со филмови од: Сенегал, Тунис, Кенија, Етиопија, Алжир, Мали, Танзанија, остварувања, сите до едно, во копродукција со европски земји, еден исклучително различен и невообичаен филмски опус. Од Еквадор доаѓаат долгометражни и кратки филмови, од каде што гостува и членот на годинешново жири во селекцијата Сине Балкан, Рик Сегреда, од еквадорскиот филмски институт, кој истрајно работи на меѓународна промоција на еквадорската кинематографија која е во огромен подем.Годинава, ексклузивна соработка на Синедејс со големиот Римски филмски фестивал , со ревија на современ италијански филм почнуваат на 13.11.2013, ден порано пред официјалното отворање, во Кинотеката на Македонија.

Традиционално, ќе бидат прикажани филмови во кои македонските актери, продуценти, режисери, филмски работници се дел од европски меѓународни остварувања и копродукции. Светска премиера на последниот краток филм на режисерот Иво Трајков, „Само за губитници”, Сашко Коцев, Верица Недеска и познатата руска актерка Викторија Мироваја.

„Јужњаци марш!” – на режисерот и автор Горан Војновиќ, работен според современиот словенечки мегапопуларен роман со истоимен наслов кој буквално ја затресе Словенија. Во овој филм, своја улога има и нашиот легендарен актер – Мето Јовановски.

“Џејс” на грчкиот режисер Менелаос Карамагиолис во продукција на Geyzer Film Production од Македонија. Извртената одисеја на детето Џејс во еден мрачен универзум на насилство, трилер драма која отвори многу болни теми за животот во едно декадентно општество.

Oд Македонија, оваа година, три македонски остварувања: Светска премиера на „После дождот: Сведоштва за климатските промени” на наградуваната Билјана Гарванлиева; „Барајќи ја среќата”, Марија Џиџева; и скопска премиера на филмот и проекција на краткиот филм „Влакна” на младата македонска режиерка Елеонора Венинова. Покрај премиерата на својот последен филм Гарванлиева ќе одржи и работилница за документарен филм наречена „Драматургијата во документарниот филм“ на која ќе ги покаже основните драматуршки принципи, кои треба да ги содржи документарниот филм од идеја до реализација.

Меѓународното жири одлучува за најдобрите филмови од Официјалната селекција и селекцијата Cine Balkan. Членовите се од сите страни на светот, филмски професионалци, режисери, актери и продуценти кои преку своето искуство ќе одлучат за најдобриот филм, режисер, актер и сценарист. Помеѓу нив за официјалната селекција жирито се состои од Алесандро Гроплеро од Италија, Грегоар Колин од Франција, Стивен Далтон (критичар за Холивуд репортер), додека за CineBalkand: хрватскиот режисер Бранко Шмит, Рик Сегреда од Еквадор, и Лукаш Мациeјевски (полски филмски критичар).

Фестивалот CINEDAYS е поддржан од Градот Скопје, Министерството за култура и Делегацијата на Европската унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.