Парламентарците од 47 земји-членки на Советот на Европа ќе се изјаснуваат на барањето за ургентна дебата за „Заканите кои ги претставува Исламската држава и насилството на кое се изложени христијаните и другите религизони заедници“ на есенската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа кое се одржува од 29 септември до 3 октомври во Стразбур.
Дебатата за Украина и за борбата против неонацизмот, на која ќе учествува претседателот на норвешкиот парламент Олемик Томесен, е исто така дел од дневниот ред на есенската сесија на ПССЕ.
Денеска ќе се носи и одлуката кој ќе биде носител на втората Награда за Човекови права Вацлав Хавел. Предложени се Б’Рселем (Израел), Службата за бегалци на језуитите од Малта и бранителот на човековите права Анар Мамади од Азербејџан.
На дневниот ред уште се наоѓаат и годишниот извештај на ОЕЦД и Европската банка за обнова и развој, со учество на нивните раководители.
Ќе се разгледуваат и извештаите за следењето на обврските преземени со членството во Советот на Европа од страна на Албанија и Грузија.