Љупчо Зиков: … Во Македонија голем број од оние што во текот на деведесеттите направија по десетина и повеќе милиони евра – што кеш – што капитал во тврда градба, или акции од комунистичките фирми … е тие каде се денес?
Прво, се преобразија во најголеми и тврди националисти, и денес најголеми блокадери на македонските европски интеграции (затоа што уште цицаат од буџетот и ЕУ не им треба) и
Второ, одеднаш Бог и им се јави, и им воскресна во исто време, и засилено почнаа да одат по цркви и да палат свеќи некритично и тоа за секви поводи …
Овој примитивизам без никаква современа перспектива за општеството, граѓаните и државата, зајакната со неспособноста за работа и отсуство на нагон за инвестиции, раст и развој на она што во голема мерка на нелегален начин беше стекнато (молчат и молат само името да не им се спомене), и корупцијата во која сите сме удавени … е тоа исто така и е… мамата и на државата и на општеството во целина веќе 35 години …
Заради тоа луѓето се селат од Македонија, и со цврсти ставови да не се вратат.
Секоја чест на позитивните исклучоци …
Извор: Фејсбук



