Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заробена вистина

0
By Zoran Ivanov on April 22, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 22, 2026 23:00

Гледав возбудлив колаж за еден голем човек на македонската борба и државност, за институционалната, почитичка и културна арматура, филм за едно време и за еден политички, идеен и геополитички контекст во кој е формирана Македонија како државна реализација на македонскиот народ, убав колаж од филмски материјали, слики, говори и интервјуа на Крсте Црвенкивски.

Бранко Тричковски

Емоционално и рационално не ја поднесувам македонската историја таква каква што ја учиме и знаеме, а уште помалку приказите на таа историја од македонски автори.

Така што со тој пакет отидов на промоцијата на документарниот филм за Крсте Црвенковски под наслов “Заробена вистина” на авторите Никола Т.Калајџиски (режисер и сценарист), Аристид Филактов, Катерина Ценевска и Тони Крстевски.

Но, документарецот што го видов во салата на СДСМ во рамките на одбележувањњто на 35 роденден на партијата, но и затоа што други интересенти за филмот немало, ми покажа дека тие теми можат да се работат и на еден многу респектибилен начин.

Гледав возбудлив колаж за еден голем човек на македонската борба и државност, за институционалната, почитичка и културна арматура, филм за едно време и за еден политички, идеен и геополитички контекст во кој е формирана Македонија како државна реализација на македонскиот народ, убав колаж од филмски материјали, слики, говори и интервјуа на Крсте Црвенкивски. Човек на народноослободителната борба и антифашистичката револуција, борец за македонската национална кауза, лик кој се искачувал низ скалилата на власта како комунист, а паднал како либерал. Висок републички и југосливенски функционер. Народен херој, одликуван и од претседателот Пендаровски.

Филмот покажува колку бил нетипичен комунист, отворен и гласен, со многу помодерни видувања од главнината во паттијата и општеството, човек спремен за принципиелни конфронтации и за жртва.

И навистина е тажно тоа што и тој и многумина основоположници на државата и нацијата се фрлени како ронки под масата на државата и нејзините перспективи. Убаво рече Филипче: тие што ги забораваат градителите ризикуваат да ги загубат темлите.

Општествената рехабилитација на тие луѓе, на Црвенковски посебно, ќе биде знак за рехабилитација на државата и на нацијата кои потонаа во еден апсолутно спротивен наратив.

Но, во однос на идејните ориентации денеска и уште повеќе за утре, позициите на Крсте ќе се покажат како нешто што ќе мора да се надоградува, а во некои аспекти и надминува. Сменети се времињата, сменет е контекстот, сменети се капацитетите, за жал, на полошо и биолошки и културолошки и образабно и геополитички. Внатре општеството е навалено на националистичката страна, на страната на жртва која обожава секојдневно да се оплакува, на која Европа и соседите и сиге други и се виновни, државата е под власт на моќна партија која систематски работи против националните и државни интереси.

Честитки за авторите.

П.С.

Немаше ниту една камера, ниту еден новинар, не верувам дека настанот медиумски ќе види бел ден.таква е тажната македонска стварност.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски рецензија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.