Полицаец ноќеска е застрелан во кампусот на престижниот Технолошки институт на Масачусетс (МИТ) во Кембриџ близу Бостон, јавува Си-Ен-Ен.
Полицаецот кој бил обезбедување на кампусот, реагирал на повик за нарушување на редот, по што бил застрелан.
Во информацијата поставена на интернет сајтот на МИТ се вели дека ситуацијата е „исклучително опасна“ и упатен е повик до студентите да не излегуваат од собите.
Има извештаи дека можеби се поставени експлозиви, а зградата на кампусот е опколена од полицајци.
Локалните медиуми јавуваат дека има еден приведен, но се даваат повеќе детали.
Како што јавува Си-Ен-Ен, не е познато дали има поврзаност помеѓу бостонскиот бомбашки напад и овој инцидент на МИТ.