Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворање на Владата на САД: 800 илјади работници без плата

0
By Нова ТВ on October 1, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на САД започна делумно затворање откако двата дома на Конгресот не успеаја да се договорат за буџетот, јавува СНН.

Претставничкиот дом воден Републиканците инсистираше на одложување на здравствената реформа на Обама – наречена Обамакеар (Оbamacare,) – како услов за донесување на законот.

Повеќе од 800.000 федерални вработени се соочуваат со неплатено отсуство без гаранција за да бидат платени подоцна, откако ќор-сокакот ќе биде завршен.

Тоа е првото делумно исклучување по 17 години.

Економското влијание ќе зависи од тоа колку долго ќор-сокакот трае, но Голдман Сакс проценува три-неделно исклучување дека може да биде загуба од 0,9% од американскиот БДП во овој квартал.

Блокадата на Владата ќе влијае и на инстируциите- работата на судовите до финансирањето на армијата, полицијата и сите федерални институции.

За време на драматичниот понеделник во Вашингтон, прво Сенатот во кој мнозинство имаат демократите, усвои предлог со кој се предвидува финансирање на Обамакеар со што беше вратен буџетскиот закон на одлучување во Конгресот.

По повеќечасовни консултации, Конгресот во кој мнозинство се Републиканците, почна гласање околу дваесет часот по локално време и по получасовна дебата изгласа нов предлог за буџет кој одлага финансирање на Обамакеар за една година.

За тој предлог гласаа 228 конгресмени, додека 210 беа против. Меѓу оние кои гласаа за, имаше и девет демократи додека 12 републиканци гласаа против тој предлог.

Сенатот веднаш се состана и во 22.30 по локално време, го одби предлогот на Конгресот со 54 гласа за и 46 против, со што беше вратена верзијата на предлогот за ново одлучување во Конгресот.

Истовремено со гласањето, според американски медиуми, имаше и политичко лобирање, а претседателот Обама по телефон разговараше со лидерите на републиканците и демократите во Конгресот и Сенатот апелирајќи да го изгласаат буџетот.

Си-Ен-Ен пренесе дека лидерите на Републиканците нудат преговори со Демократите, но тоа беше одбиено од страна на демократите.

Во меѓувреме, претседателот на САД потпиша закон со кој се осигурува припадниците на армијата и крајбрежната стража да добијат плати за време на финансиската блокада на Владата.

По стапувањето на сила на укинувањето на финансирање на Владата, двете страни може да продолжат со преговори и да ја прекинат блокадата во момент кога ќе има договор за буџетот и финансирање на Обамакеар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.