Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворен Балкан: Регионот станува слепо црево – што сѐ ќе „добие“ Северна Македонија

0
By Zoran Ivanov on January 3, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според економистите, финансискиот ефект за Бугарија се проценува на над 1,6 милијарди лева годишно (800 милиони евра), а дополнително се очекуваат стотици илјади часови заштедено време и значително намалување на емисиите на јаглерод поради пократкото време на чекање на границата. Меѓу главните корисници би биле тешкиот патен транспорт и производителите, како и извозниците на стоки, чии директни трошоци, според институтот, се проценуваат на 432 милиони евра.

Драган Мишев

На 1. јануари 2025 година Романија и Бугарија влегоа во Шенген зоната. Сега Романците и Бугарите че можат да патуваат во Грција без притоа да застанат на граничниот премин каде до пред тоа чекаа во колони возила за влез.

Аналитичарите во овие две земји членки на Унијата очекуваат позитивни промени откако тие вчера официјално станаа дел од Шенген-зоната. Пораст на Бруто-домашниот производ, помалку чекање на граница, намалени трошоци за инвеститорите, а со тоа и зголемување на инвестициите во Бугарија и Романија.

Од друга страна, со стапувањето во сила на одлуката за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната, во регионот на Западен Балкан, особено во Србија и Македонија  се запали алармот дека регионот ќе стане слепо црево на Европа“ бидејќи сега транспортот на стоки и патници кон Грција, наместо преку овие две земји ќе се пренасочи преку Романија и Бугарија. Само како пример, од патарини минатата 2024 година ЈП Државни патишта на Македонија заработи  66,5 милиони евра, кои сега може да се прелеат кон новите членки на Шенген зоната.

Се очекува голем дел од камионскиот сообраќај во правец на Грција наместо преку Коридорот бр. 10, кој оди преку Србија и Македонија да се пренасочи преку паневропскиот коридор „Виа Карпатија“ што се планира за оваа година и кој ќе обезбеди безгранична и бесцаринска врска од Грција на југ, до Литванија на север, преку Бугарија и Романија, а кој е речиси паралелен со Коридорот 10 и може да го пренасочи сообраќајот и транспортот од Централна Европа. Коридорот поминува низ Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија, што значи дека цела Централна Европа плус Балтикот ќе има подобра, побрза и поевтина сообраќајна опција.

Македонските транспортери стравуваат дека со влезот на Бугарија и Романија во Шенген се ограничува пристапот до европските пазари и голем број од професионалните возачи кај нас ќе го почувствуваат тоа на своја кожа.

Со влегувањето во Шенген зоната, значи се зголемува територијата на којашто се бројат деновите за престој, А тоа значи дека ќе има поголем број на возачи што ќе ги депортираат или враќаат во нашата земја затоа што ги надминале тие 90 дена за престој, ја пренесува Телма изјавата на Биљана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на превозници МАККАМ-Транс.

Тоа ќе влијае не само на приливите од патарина во буџетите на двете земји, егзистенцијата на транспортните компании, туку и генерално на економијата, туризмот, бидејќи странците додека поминуваат трошат, се поттикнува локалниот бизнис и земјата останува поврзана со Европа. Досега, со постојниот Коридор 4 кој од Западна Европа оди преку Романија и Бугарија до Грција, според проценките, сообраќајот на камиони низ Србија бил намален за 30 отсто за две години без оглед што Коридорот бр. 10 нуди пократок пат и подобри бензински пумпи и паркинзи. Проблем тогаш и сега беа скапите патарини, но пред сѐ предолгите чекања на многуте граници низ Балканот заради царинските и други контроли.

За Грција, врската „Виа Карпатија“ во моментов е најважниот меѓународен копнен проект кој ќе овозможи пристап до пазарите на Северна и Централна и Источна Европа – изјави  Григорис Заротијадис од Универзитетот Арустотел во Солун, пренесува Независен. Како што нагласува, „важно е ‘Виа Карпатија’ да минува низ земјите членки на Европската унија и да биде конкурентна со другите врски север-југ што минуваат, на пример, преку Северна Македонија или Србија“.

Патот „Виа Карпатија“, чиј дел во Грција е речиси завршен, се планира да биде клучен транспортен коридор што ќе ги поврзува Северна и Јужна Европа. Веќе е делумно достапен, а делумно во изградба, а во Полска ќе биде долг приближно 700 километри. На бугарска територија оди од пристаништето Видин на Дунав до Кулата на грчката граница преку Софија.

Настрана фактот дека влегувањето на Бугарија во Шенген зоната има и политичка димензија. Коментарите се дека меѓу Егејска и Пиринска Македонија веќе нема граница, и додека  Македонија се самоизолира како територија од нив, во Бугарија коментираат дека „паднала“ границата на Балканот од 1913 година и дека  Бугарија сега се „обединила“ со своја бивша територија.

„По тргнувањето на границите со Грција ги добиваме и Македонија и Тракија, а од Романија – Северна Добруџа. Среќно обединување на националната територија!“- беше еден од бугарските коментари на социјалните мрежи.

Некои пак им го честитаа на носителите на бугарски пасоши во Македонија влегувањето во Шенген и привилегиите што ги носи тоа, како што опиша еден – „ако живееш во Софија, влегуваш во кола и возиш без гранична контрола до Лисабон, како да живееш во една држава“.

Во Бугарија се очекуваат значителни економски придобивки и според проценките, БДП на Бугарија треба да порасне за најмалку 1 отсто. Придобивките ќе ги почуствуваат граѓаните, бизнисите и инвеститорите, порача привремениот премиер Димитар Главчев.

Според економистите, финансискиот ефект за Бугарија се проценува на над 1,6 милијарди лева годишно (800 милиони евра), а дополнително се очекуваат стотици илјади часови заштедено време и значително намалување на емисиите на јаглерод поради пократкото време на чекање на границата. Меѓу главните корисници би биле тешкиот патен транспорт и производителите, како и извозниците на стоки, чии директни трошоци, според институтот, се проценуваат на 432 милиони евра.

Според извештајот на БТА, друга придобивка од целосното пристапување на Бугарија во Шенген зоната би било и отстранувањето на доцнењата кои се предизвикани од граничните контроли за бугарските граѓани при преминување на копнената граница со Романија и Грција, кои понекогаш достигнуваат и 242.437 дена.

Во извештајот на Институтот за економски истражувања (ИЕР) при Бугарската академија на науките (БАН), се вели дека граѓаните на Романија и Грција кои патуваат во Бугарија, исто така, ќе имаат корист од целосното пристапување на Бугарија во Шенген во безграничната област Шенген, со заштеда од 217.998 дена.

Значителен придонес би бил забележан и во туристичкиот сектор. Приклучувањето на копнената граница на Бугарија во Шенген зоната, исто така, ќе донесе неколку еколошки придобивки, поради значително намалување на емисиите на јаглерод  по укинувањето на контролите на копнените граници. Едноставно кажано, Бугарија ќе заштети дополнителни средства од буџетот што ќе ги насочи во развој и ќе ја направи својата економија многу поконкуретна од нашата.

Колоните од Табановце и од Богородица со пренасочувањето на сообраќајот од Коридорот 10 најверојатно ќе се намалат, во нив ќе останат да чекаат уште само граѓанките и граѓаните на регионот на Западен Балкан, чии властодржци никако не успеваат да се оттргнат од наративите со локал-патриотска и националистичка тематика, и да си ја завршат домашната работа со која регионот конечно ќе може да се придвижи напред, на патот кој води во ЕУ.

Некои аналитичари предвидуваат дека сега може да се очекува нов наплив на баратели на бугарски пасоши и дополнителен егзотус на работоспособнота население од земјава.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025
ФОКУС

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

ВЕСТИ October 4, 2025

Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници…

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

October 3, 2025

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025
ТИКЕР

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.