Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши 47. издание на музичкиот саем МИДЕМ

0
By Нова ТВ on January 30, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Од 26 до 29 јануари во Кан, Франција се одржа по 47. саем на музика во светот – МИДЕМ.
На саемот учествувале околу 4.000 гости од 300 водечки музички компании од 40 држави од целиот свет.

Неколку илјади гости го посетија македонскиот штанд и со себе понесоа примероци од луксузниот музички промотивен материјал специјално изработен за оваа прилика. За време на саемот нашиот претставник Иво Јанкоски оствари и средби со водечките музички куќи од целиот свет.

“Посебно би ја издвоил средбата со официјалните лица на најпопуларната музичка платформа YouTube на која отпочнавме значајни преговори за монетизација на македонските видео клипови постирани од страна на нашите музичари на овој најпосетуван канал на светот. Голем интерес за нашата музика годинава покажаа и далечните земји како Кина, Малезија, Тајван и др. “ изјави Јанкоски

Специјално за оваа прилика беше подготвен луксузен промотивен материјал во печатена и електронска форма каде се претставени најзначајните компании, фестивали и институции од македонската музичка сцена, како и промотивен компакт диск со дваесетина моментално најпопуларни музички нумери од најразлични жанрови: поп, рок, етно, џез, рап…

Организаторот на престижната музичка манифестaција – МИДЕМ, на носителот на македонскиот штанд, издавачката куќа “Трето уво“ за повеќегодишната афирмација и промоција на македонската музика на овој саем, му додели специјално почесно признание  “Сребрена статуетка на МИДЕМ”.

На Саемот секојдневно и истовремено се одржуваа по неколку панел дискусии, конференции и дебати посветени на развивање на системите за заштита на интелектуалната сопственост, авторските права и новите стратегии во пласман и продукција на музиката на светско ниво на кои учествуваа македонските претставници. Своите искуства на ова поле  ги презентираа француската музичка легенда Жан Мишел Жар, култната британска група Меднес и моментално најпопуларниот светски пијанист Ланг Ланг и др.

Официјалното отворање на МИДЕМ се совпадна и со доделувањето на француските  музички награди “NRJ Awards” каде се појавија некои од најголемите светски музички ѕвезди како: Alicia Keys, кореанската поп-атракција Psy попознат по мега хитот “Gangnam Style”, потоа Emeli Sande, тинејџерската атракција One Direction, француската мега ѕвезда Johnny Holiday и многу други.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.