Мирно се разидоа двете спротивставени групи на демонстранти во Софија. Едните кои тргнаа од Орлов мост со извици и барања за промена на власта, другите до зградата на Народното собрание со поддршка на кабинетот на премиерот во оставка Бојко Борисов.
Кордоните полицајци го обезбедуваа протестот на кој демонстрантите дигнаа плакат на кој пишива: „Да живее слободна Бугарија“. Според нив оставката на Бојко Борисов не ги решава проблемите.
По улиците има уште неколку мали групи од 50-60 луѓе кои полека си одат.
И покрај оставката на Борисов, илјадници демонстранти и вечерва во сите поголеми градови низ Бугарија, излегоа на улица за да го искажат својот револт поради превисоките сметки за струја, кои не може да ги плати секој граѓанин.