Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здодевниот СДСМ vs драмата на ВМРО

0
By Биљана Секуловска on May 14, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако се согласија дека аболицијата не смее да падне, царството на Груевски може да здивне. Операцијата е безмалку завршена. Изборите се неважни, се додека живеат преговорите за аболиција. Некаде прочитав дека СДСМ биле рационални, нудела разумни решенија за излез од кризата, бла, бла, сите се прозеваат.

Што навистина сакаат луѓето наспроти СДСМ? Се навикнаа да чекаат неочекуван расплет од Груевски, некакво крешчендо, ненадејно да замине на некоја израелска плажа, со луксузни наочари, а мерцедесот од пола милион евра додека го чека, да го масира шоферот на пример, е, тоа беа времиња. Или Груевски без потреба да замине во Саудиска Арабија- тоа е мојот омилен траг на парите.

Сета оваа кополовска иконографија ( води комбето со кое се бараа плацеви низ Водно), митска приказна, која навистина, има свој шмек, наспроти здодевните СДСМ, кои едноставно не знаат да ја распламсаат дебатата со кама на маса, затоа што братоубиствената чистка е најинтересната понуда на  драгите вмровци.

Повелете во сликата и пар замаглени очи при неповрзано рецитирање на партиски манифест. Пред очи ми е ВМРО-вската стара школа, која знае поштено да изигра еден руски рулет. Предавникот е упукан, но за секој случај и лидерот.

Што да се прави, кај Заев и Шеќеринска, тука ви се и Дескоска, Шилегов, никаде нема понуда за крв и солзи, тие не вадат по некое закопано тело за кое не се знае кој точно пукал и зошто. Самоубиство ли е или убиство, побогу? Просто, ги разбирам критичарите на СДСМ- се нема смисол за мала драмолетка во оваа голема драма.

Но, добро. Откако замина Коста Крпач, за волја на вистината и ВМРО веќе нема некоја значајна понуда за театар. Се плашам да не почнат да замислуваат дека можат и тие како СДСМ, да стават прст на глава и да почнат да нудат решенија.

Би било штета за ВМРО, нивните времиња отсекогаш биле бурни и скокотливи, се колебале за братот свој дали да го запукаат директно во чело или да играат на карта атентат, претходно одиграно со мало, ситно кодошење.

Но, главната дилема во оваа партија, отсекогаш била сензационална, но не во таблоидна смисла. Барем она што ни нудат историските читанки,  па подоцна и архивите од поновата историја, тоа е незаменливо забавната дилема- дали сум Македонец или Бугарин?

Додуша, партијата на Груевски имаше други приоритети од овие френетични барања на корените. Но, за интересните детали на топ-листата на интереси на Груевски, вратата кај СЈО ви е отворена.

Сега она што може да се слушне е дека папсале и тие, мислам на ВМРО, волјата за лагоден живот ги поминала и сега се сите мртви сериозни.

Се борат за опстанокот, о, зарем не кажав претходно, не на лидерот, не е Груевски тој за кој се води борба. Да не го разжалостиме Груевски, барем една опција го има тоа на ум, но таа е за жал пропадната приказна.

Сега на маса е старото крило, она за кое претходно говорев, она кое нема дилеми кога говори за џинот од Небрегово, нарекувајќи го џуџето, заради што и скршнуваме по друг пат, да не се сретнеме со овие евентуални наследници на Груевски. Опцијата да се избрише Блаже Конески од меморијата на овој народ беше отскочна даска за Антонио Милошески.

Втората опција, она што изгледа потенцијално европски и изгледа можна гаранција за современа партија е Никола Поповски.

Можеби ќе се изнедри некоја сосема друга, нераскажана приказна за наследник на Груевски, но тоа веќе не е ни важно. Кога се почнува да се руши, спокојни стануваат дури и приказните. Прекрасно здодевни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.