Здравјето на папата Бенедикт Шеснаесетти е сериозно нарушено и тој „нема уште долго да остане со нас“, изјави Палома Гомез Бореро, шпански ветеран и дописник од Ватикан.
„Здравствената состојба на Бенедикт е многу лоша. Последните 15 дена дожиева големо физичко пропаѓање, ја пренесува Телеграф изјавата на Бореро.
Ватикан прогнозата на Бореро ја оцени како претерано „алармантна“, но признаваат дека поранешниот папа во последните неколку месеци е физички ослабнат.
Бенедикт XVI на 28 февруари годинава, го напушти понтификатот.