Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравство: Новите проекти отворија маки и проблеми

0
By Менче Атанасова Точи on January 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Јавното здравство во годината што измина ќе остане запаметено по неколку спектакуларно најавувани проекти, но ефектот од нивната примена ги збуни и лекарите и пациентите.

Иако дел од граѓаните се надеваат дека работите ќе започнат да се средуваат, поголем дел од нив сметаат дека ништо не е променето, а електронскиот систем на закажување на прегледите, вака како што е поставен не им ги скрати маките на пациентите.

-Не сум забележала некое подобрување, се е исто , изјави пациентка на скопските клиники пред камерата на НОВА.

-Не сум задоволен посебно со „Мој термин“. Ќе закажеш термин за итна ситуација, кога ќе отидеш поминал рокот на упатот, изјави пациент.

Деновиве 40 матичните лекари беа блокирани и не можат да издаваат приоритетни упати преку Проектот „Мој термин“. Во Министерството за здравство се правдаат дека е тоа времено, бидејќи издавале повеќе од пет вакви упати до пладне.

-Не е точно дека се блокирани, тие издавале повеќе од пет приоритетни упати и системот ги блокирал автоматски. Во текот на денот повторно можат да издаваат упати изјави за НОВА Милан Аризанковски проект менаџер на „Мој термин“. Но, матичните лекари се жалат дека се уште се блокирани и неможат да издаваат упати.

Сепак, не само тие, блокирани се и специјалистите, цели системи на клиники не се во можност да издаваат приоритетни упати се жалат и лекари и пациенти во НОВА.

-Татко ми треба да направи артериографија, состојбата му е сериозно влошена, има знаци за гангрена на ногата. Но, кога транфузиологот се обиде да му издаде приоритетен упат, електронскиот систем не дозволи, се беше блокирано. Лекарот се обиде да го прати на

Клиника за торакална хирургија, за лекарите од таму да го препратат на снимање, но системот повторно беше блокиран. Дали ова значи дека треба да одиме во приватните болници или некој си прави мајтап со нас, изјави С.Л. која безуспешно се обидува да му помогне на нејзиниот татко.

Иако, електронското закажување на прегледи го има во сите современи земји, неговото заживување во државата веќе ги покажа недостатоците во пракса, а на тие работи допрва треба да се работи велат експертите.

И долго најавуваниот проект „Електронска здравена картица“ доживеа фијаско бидејќи не ја доби вистинската намена. Парите кои беа предвидени за оваа намена ги снема со ребалансот на буџетот, а нови средства не беа предвидени. Пластифицираните картички кои граѓаните сами си ги плаќаа, немаат база на податоци за болеста на пациентот, како што е секаде во светот со што ја изгубија смислата на своето постоење. Дел од лекарите со резерва гледаат на се што се најавува од Министерството за здравство.

-Се што е кажано од министерот Тодоров не коментирам, бидејќи неговите изјави ги сметам за несериозни, вели за НОВА професорот Милчо Пановски, абдоменален хирург, еден од ретките кој се осудува да коментира јавно.

Лекарите по четириесет дена штрајк замолкнаа, а проектот „Плаќање по учинок“ некаде се спроведува формално, некаде се турка под килим. Пациентите станаа само бројки, а платата на лекарите се исплаќа според математичка формула. Над 100 лекари заминаа од државата,многу од нив го учат германскиот јазик, за да можат да најдат работа во западно европските земји.

Се уште се во тек новите 400 вработувања. Министерот Тодоров најави дека Министерството ќе одлучува кој се ќе работи на клиниките, ќе се вработуваат само најдобрите, а ќе се знае и кој може да остане да работи таму. Но, во јавноста се зборува дека голем дел од вработувањата се партиски.

-На конкурсите се примаат општи доктори, наместо лекари кои приватно си ја платиле специјализацијата. Се примаат лекари во кои допрва треба да се вложува за да специјализираат. Со мали исклучоци, сите вработувања во здравството се партиски, пријателски или по семејна линија, изјави Методија Трајаноски експерт за јавно здравство и социјална медицина.

Од друга страна околу 100 000 луѓе, во април годинава останаа без правото на здравствено осигурување бидејќи не поднеле изјава за остварени приходи во Фондот за здравствено осигурување иако оваа одредба е прогласена за неуставна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.