Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравство: Новите вработувања – влез за стручни или партиски кадри

0
By Менче Атанасова Точи on December 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство ќе одлучува кој се може да работи во Клиничкиот блок. Нови реформи во здравството најави министерот за здравство Никола Тодоров. На последната седница на Влада, Тодоров најави дека на клиниките ќе се вработуваат само најдобрите, а ќе се знае и кој може да остане да работи таму. Лекарите специјалисти ќе треба да бидат универзални сезнајковци, секој од нив треба да ги знае сите методи кои се вршат на клиниката каде е вработен, без разлика во кој оддел работи.

-На Универзитетските клиники кои се највисока установа од ваков тип, ќе работат само најдобрите од цела држава. Ова значи и дека доколку некој лекар од Битола на пример, напредувал и бил на усовршување во странство во траење од една година, може да премине да работи на скопските клиники и да има раководна функција во својата област, најави на владината седница Тодоров.

Ова ќе биде регулирано со Закон, а предлогот на министерот Тодоров и неговиот тим, ќе биде ставен на јавна расправа до крајот на следната недела.

Остана нејасно дали новите 400 вработувања во здравството ќе бидат регулирани на ваков начин. Во тек се конкурсите за нови вработувања, за кои на клиниките веќе се шпекулира дека се однапред испланирани за партиски кадри. Шпекулациите одат до таму што некои од професорите на Медицински факултет се сомневаат дека тестовите се однапред пробиени и дека кандидатите веќе ги знаат прашањата.

НОВА побара став од професорот на Медицински факултет и абдоменален хирург Милчо Пановски, за новите реформи во здравството, но и за вработувањата кои се во тек
.
-Се што е кажано од министерот Тодоров не коментирам, бидејќи неговите изјави ги сметам за несериозни, одговори кратко Пановски.

Тој смета дека ова што се случува е негативна селекција и дека и доколку бидат вработени солидни кадри, способни и со висок просек, ќе паднат во очи и ќе бидат компромитирани заедно со другите кои ќе бидат примени со партиска книшка.

НОВА од извори во психијатриската болница во Бардовци дознава дека минатиот месец таму бил распишан оглас за вработување на двајца доктори и четири медицински сестри, но кон крајот на минатата недела наводно стигнало известување од Министерството за здравство до раководството, во кое е наведено кои кандидати треба да се вработат.

Неофицијално, нашите извори тврдат дека станува збор за имиња кои однапред фигурираат во болничките кругови, иако тестовите за познавање на странски јазик и медицина сеуште не се готови. На огласот се јавиле 16 кандидати, а наводно договорот меѓу коалиционите партнери е еден од кандидатите да биде од албанска националност, а другиот Македонец.

Директорот Идриз Неџипи демантира дека ги знае однапред имињата на кандидатите кои треба да бидат примени, но потенцира дека изборот го прави Министерството преку тестирање на кандидатите.

-Сеуште не сме го добиле извештајот од Министерството за здравство, но за кого ќе ни речат од таму тој кандидат ќе биде примен, ние не одлучуваме, изјави за НОВА Неџипи.

По ова, НОВА контактираше уште неколку директори на болници и дел од нив потврдија дека во однос на новите вработувања тие се само марионети и ги извршуваат одлуките на Министерството за здравство.

Претседателот на Синдикатот на клиниките Дејан Ставриќ, вели дека финалето ќе покаже дали кандидатите се избираат по партиска линија или по стручност и знаење.

-Не знам што точно значат реформите на Министерот што ги најавува, но пациентите ќе кажат во иднина дали се задоволни од новите кадри, изјави за НОВА Ставриќ.

Методија Трајаноски, човекот кој ги тужи Министерството за здравство и Агенцијата за администрација поради неправилности во изборот на кандидат за државен службеник, низ неговиот сопствен пример покажува дека работите не се такви како што се прикажуваат.
Тој седум години работи како помлад соработник во Министерството за здравство, иако докторирал јавно здравство. Вели дека наместо да биде примен на местото кое одговара за неговата стручност, во Министерството е примен шефот на кабинет на министерот Тодоров кој е со несоодветно образование, има завршено историја на уметност. Еве што вели за вработувањата во здравството.

-На конкурсите се примаат општи доктори, наместо лекари кои приватно си ја платиле специјализацијата. Се примаат лекари во кои допрва треба да се вложува за да специјализираат. Со мали исклучоци, сите вработувања во здравството се партиски, пријателски или по семејна линија, изјави Трајаноски за НОВА.

Останува дилемата дали новите реформи на Тодоров, со кои ќе се подгрее надежта на медицинските кадри со високи квалитети дека конечно ќе се вработат таму каде што заслужуваат, ќе се вклопат во целокупниот политички амбиент во државата и политикатата која ја крои Министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.