Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението Гризли (Grizzly) организираше еко акција за чистење на Јасен: Собрана значителна количина на отпад

0
By Ана Василевска on June 3, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, ОПШТЕСТВО
Од еко акцијата за чистење на јасен во организација на Гризли
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оваа благородна мисија на Гризли, ќе продолжи во текот на летните месеци и тие се надеваат дека ќе се подигне свесноста за чистата животна околина и почитта кон природните богатства

Десетици волонтери, се одзваа во саботата на еколошката акција на иницијатива и во организацијана Здружението Гризли ( Grizzly ) од Скопје, за чистење на природниот резерват Јасен. Станува збор за прва, од низата акции кои ќе ги спроведе Здружението Гризли а волонтерите дополнително ги мотивираше на тој начин, што за една собрана вреќа со отпад, тие добиваат бесплатно ноќевање во туристичката локација Grizzly igloos, поточно во едно од петте иглоа сместени на Козјак со погед кон ѕвездите.

Волонтерите на саботната еко акција за чистење на Јасен
Волонтерите на саботната еко акција за чистење на Јасен

Акцијата беше спроведена кај месноста Рудина на Козјак, и собрана е голема количина на отпад. Оваа мисија на Гризли, ќе продолжи во текот на летните месеци и тие се надеваат дека ќе се подигне свесноста за чистата животна околина и почитта кон природните богатства. Освен собирање ѓубре, предвидено е, и растурање на диви депонии, означување на планинарски патеки, обуки за заштита на околината и многу други активности со кои како што велат, ќе и се оддолжиме на природата.

Волонтерите на саботната еко акција за чистење на Јасен

Јасен е природен резерват во северозападна Македонија прогласен во 1958 година, најпрвин само на планината Караџица, а во 1960 година е проширен и на Сува Гора. Опфатен е целиот кањон на реката Треска. Резерватот зафаќа површина од 24.000 ха. Највисока точка е врвот Караџица (2.473 м). Геолошката подлога е доломит со тенки слоеви од лискун. На теренот е вештачкото езеро Козјак и повремено тече реката понорница Оча и нема други води. Од флората се заштитени Viola koshaninii, Thymus oehmianus, Dianthus kapinensis и др. Од животните има дива коза, мечка, рис и др., а од птиците – лештарка (Tetrastes bonasia), белоглав мршојадец (Gyps fulvus), був (Bubo bubo) и др.

Волонтерите на саботната еко акција за чистење на Јасен
Волонтерите на саботната еко акција за чистење на Јасен

Резерватот Јасен покрива околу 32.000 квадратни метри површина најчесто со шума и патишта, како и голем број на пократки неасфалтирани патeки. Освен од лов, Јасен својата иднина ja гледа во развојот на природните ресурси и на екотуризмот. Главни активности (во зависност од сезоната) се пешачење, планински велосипедизам, кампување покрај езерата Матка и Козјак, параглајдерство, риболов, спелеологија, алпинизам.

А.Василевска

Гризли Еколошка акција Јасен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.