Фејсбук постот на членот на СДСМ Мухамед Зекири направи бура во јавноста и особено на ЛГБТ заедницата. Тој вчера на Фејсбук напиша религиозна изрека од пророкот Мухамед која често се користи во контекст на осуда на хомосексуалноста.
На ураганот реакции на оваа порака, Зекири се обиде да ги смири страстите и за Фокус изјави:
“Јас сум теолог и сум против геј бракови и против хомосексуалноста, тоа е мој личен став. Апсолутно сум против хомосексуалноста, како и против геј браковите, тоа не го кријам и е мој личен став, секој има право на свои ставови. Јас како личност имам право да имам ставови за одредени прашања, кои не секогаш се исти со тие на партијата”, вели тој.
А денес, повторно на Фејсбук додаде:
“Јас сум и ќе останам Мухамед Зекири кој има право и секогаш кога ќе има потреба ќе искажува сопствено мислење и став и тоа е придобивка на демократијата и слобода на говорот. Мислете и имајте различен став од мојот тоа е ваше право, но јавен линч кон мене вам ќе ви наштети не мене!!!”
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски изјави дека се работи за личен став на Зекири, а не за став на СДСМ.
Според Зекири, неговите јавно искажани ставови врз ЛГБТ заедницата како една од маргинализираните заедници во земјата нема да имаат последици.
Ова не ја смири ЛГБТ заедницата. Режисерката Софија Теодоре, член исто така на СДСМ, побара премиерот Зоран Заев јавно да се произнесе за оваа изјава на Зекири:

