Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски ги откри 20-те точки од Основниот документ за завршување на војната – извори: дописници на украинскиот јавен сервис „Суспилне“ и „Укринформ“, повикувајќи се на изјави на Зеленски во разговор со новинарите на редкациите

0
By Zoran Ivanov on December 24, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 24, 2025 12:22

Претседателот Володимир Зеленски за првпат јавно го претстави нацрт-документ со 20 точки за завршување на војната, кој го нарече рамка или „основен документ“ меѓу Украина, САД, Европа и Русија.

Зеленски: Сега сум подготвен да разговарам за нацрт-документот со 20 точки, и ова е документ што се нарекува рамка, основен документ за завршување на војната, политички документ меѓу нас, Америка, Европа и Руската Федерација. Нацрт-документот во многу сегменти ја одразува заедничката визија на Украина и САД. Делумно го одразува пристапот на американската страна, но за неколку точки, рече тој, сè уште е потребна дополнителна доработка и согласување.

Зеленски нагласил дека сè уште нема заедничка позиција со САД по две прашањата за териториите во Доњецката област и Запорожката нуклеарна електрана.

Во исто време, тој реклол дека по повеќето други точки, страните „значително се приближиле“ и дека во целина веќе е постигнат консензус.

20-те точки од Основниот документ за завршување на војната:

Точка 1:

Суверенитетот на Украина ќе биде повторно потврден. Се потврдува дека Украина е суверена држава и сите потписници на договорот го потврдуваат тоа со своите потписи.

Точка 2:

Овој документ претставува целосен и безусловен договор за ненапаѓање меѓу Русија и Украина. За да се обезбеди долгорочен мир, ќе се воспостави механизам за мониторинг на линијата на контакт, со користење вселенски беспилотни системи за надзор, рано предупредување за прекршувања и решавање конфликти.

Точка 3:

Украина ќе добие силни безбедносни гаранции.

Точка 4:

Големината на Вооружените сили на Украина ќе остане 800.000 војници во мирновременски услови.

Точка 5:

САД, НАТО и европските држави-потписнички ќе ѝ обезбедат на Украина безбедносни гаранции што го огледуваат членот 5 од НАТО.

  • Ако Руската Федерација повторно ја нападне Украина, покрај координиран воен одговор, сите глобални санкции против Русија ќе бидат повторно воведени.
  • Ако Украина ја нападне територијата на Руската Федерација или без провокација отвори оган врз руска територија, гаранциите ќе се сметаат за ништовни. Ако, пак, Руската Федерација отвори оган врз Украина, гаранциите стапуваат во сила.
  • Прашањето за американска компензација за обезбедените гаранции било посебно споменато, но Зеленски рече дека оваа подточка е отстранета, бидејќи украинската страна не разбира што точно значи.
  • Договорот не ги поништува билатералните безбедносни договори на Украина со други држави (ова се однесува на можни договори со земјите од „Коалицијата на подготвените“ и со партнери надвор од Европа).

Точка 6:

Русија ќе ја вгради политиката на ненапаѓање кон Европа и Украина во сите неопходни закони и документи за ратификација, вклучително и ратификација со огромно мнозинство во Државната дума. (означено како американски предлог)

Точка 7:

Планот предвидува пристапување на Украина кон ЕУ во дефинирана временска рамка и привремен повластен пристап до европскиот пазар. Прецизните датуми за членство остануваат предмет на посебни разговори и, како што е наведено, сè уште бараат потврда од европската страна.

Точка 8:

Ќе се договори „пакет за развој“ на Украина, кој ќе се формализира со посебен инвестициски договор за идниот просперитет. Тој вклучува:

  • создавање развоен фонд за инвестиции во брзорастечки сектори (технологија, дата-центри, вештачка интелигенција);
  • соработка меѓу САД, американски компании и Украина во обновата, модернизацијата и управувањето со гасната инфраструктура;
  • обнова и рехабилитација на погодените територии, градови и станбени населби;
  • развој на инфраструктурата;
  • експлоатација на минерали и природни ресурси;
  • подготовка на посебен финансиски пакет од Светска банка;
  • формирање високо ниво на работна група и назначување администратор/координатор за „просперитет“ за спроведување на планот за обнова.

Точка 9:

Ќе се воспостават неколку фондови за обнова на украинската економија, реконструкција на оштетените области и хуманитарните потреби. Целта е да се соберат 800 милијарди американски долари преку капитал, грантови, обврзници и приватни инвестиции.

  • САД и европските земји треба да воспостават капитален и грант-фонд од околу 200 милијарди долари за инвестиции во Украина.
  • Се предвидува широк спектар финансиски инструменти за повоена обнова; меѓународните институции треба да ги зајакнат овие процеси.
  • Украина изрази намера да воведе најдобри меѓународни стандарди за привлекување директни странски инвестиции.
  • Правото на Украина на компензација за нанесените штети е посебно утврдено.

Точка 10:

По склучувањето на овој договор, Украина ќе го забрза процесот на финализирање договор за слободна трговија со САД.

Точка 11:

Украина повторно потврдува дека ќе остане ненуклеарна држава, во согласност со Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

Точка 12:

Се предлага Запорожката нуклеарна електрана да биде управувана заеднички.

  • Американски предлог: еднаква распределба на контролата, со САД како главен менаџер на заедничкото претпријатие.
  • Украински предлог: заедничко претпријатие Украина–САД 50/50, при што половина од произведената електрична енергија оди за Украина, а другата половина за САД (кои потоа одлучуваат за нејзината распределба).

Точка 13:

Двете земји се обврзуваат да спроведуваат образовни програми во училиштата и во општеството во целина, со цел промовирање разбирање и толеранција кон различни култури и искоренување на расизмот и предрасудите. Украина ќе ги воведе правилата на ЕУ за верска толеранција и заштита на малцинските јазици.

Точка 14:

Територијално уредување.

Руската Федерација ќе ги повлече своите трупи од Днепропетровската, Николаевската, Сумската и Харковската област за договорот да стапи во сила.

  • Опција 1: „Остануваме каде што сме.“ Во Доњецката, Луганската, Запорошката и Херсонската област, линијата на распоредување на трупите на датумот на договорот ќе биде де факто признаена линија на контакт и ќе биде надгледувана од меѓународни сили.
  • Опција 2: Создавање потенцијална слободна економска зона во Донбас, со демилитаризација на регионот. Украина се противи на повлекување на своите сили, но ако оваа опција се реализира, ќе инсистира на огледално повлекување – односно и руските сили да се повлечат. Оваа опција би барала национален референдум во Украина за ратификација на договорот.

Ова прашање може конечно да се реши на ниво на државни лидери.

Точка 15:

По договор за идните територијални уредувања, и Руската Федерација и Украина се обврзуваат да не ги менуваат овие уредувања со сила.

Точка 16:

Русија нема да ја попречува употребата на реката Днепар и Црното Море од страна на Украина за комерцијални цели. Ќе се склучи посебен поморски и пристапен договор за слобода на пловидба и транспорт. Со овој договор, Кинбурнската коса ќе биде демилитаризирана.

Точка 17:

Ќе се формира хуманитарен комитет за решавање на преостанатите прашања:

  1. Сите воени заробеници, вклучително и оние затворени во рускиот систем од 2014 година, ќе бидат разменети по принципот „сите за сите“.
  2. Сите цивилни притвореници и заложници, вклучително и деца и политички затвореници, ќе бидат вратени.
  3. Ќе се преземат мерки за решавање на проблемите и страдањата на жртвите од војната.

Точка 18:

Украина ќе одржи избори што е можно побргу по потпишувањето на договорот. Прво – претседателски избори: украинскиот парламент треба да изработи и изгласа механизам за одржување избори пред укинување на ограничувањата од воената состојба. Потоа – парламентарни и локални избори.

Точка 19:

Овој договор ќе биде правно обврзувачки. Неговото спроведување ќе го следи и гарантира Совет за мир, со кој ќе претседава американскиот претседател Доналд Трамп. Во механизмот ќе учествуваат Украина, Европа, НАТО, Русија и САД. За прекршувања ќе се воведуваат санкции.

Точка 20:

Откако сите страни ќе се согласат со договорот, целосен прекин на огнот стапува на сила веднаш.

Зеленски уште изјавил дека одговор од руската страна на овој нацрт се очекува на 24 декември, откако американската страна ќе одржи разговори со нив.

Потоа ќе ги разбереме нашите следни чекори и можните рокови за одредени одлуки. Подготвени сме за средба на ниво на лидери со САД за решавање на чувствителните прашања. Прашања како територијалните мора да се дискутираат на ниво на лидери, рекол украинскиот претседател.

Покрај „основниот документ“, Зеленски рече дека паралелно се подготвени и други материјали неопходни за завршување на војната. Тие вклучуваат мултилатерална рамка за безбедносни гаранции (Украина–САД–Европа) и посебна билатерална рамка на гаранции од САД.

Тој додал и дека пакетот гаранции содржи и воен анекс со детален план за безбедносни механизми и мерки за одговор во случај на обновена руска агресија. Според Зеленски, овој сет документи има за цел да обезбеди силна Украина со поддршка од партнерите, механизам за мониторинг на почитувањето на мирот и јасни одредби за постапување при прекршувања.

Исто така, тој истакнал дека Украина и САД изработиле документ за обнова и економски развој – таканаречената „Патоказ за просперитетот на Украина“.

 

 

дваесет Зеленски Мир план Русија точки уса
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
ФОКУС
December 30, 2025

Москва: Поради украински дронови големи делови од градот останаа без струја

ВЕСТИ December 30, 2025

Масовен прекин на електричната енергија го погоди Московскиот регион оставајќи стотици илјади жители без струја,…

Трамп: Уништивме голем магацин – САД извршија копнен напад врз Венецуела  

December 29, 2025

Сведочења: Судењето за дискотеката „Пулс“ денеска

December 29, 2025

Трамп по средбата во Флорида: Донбас останува “трнлива тема“

December 29, 2025
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.