Во видео обраќање до нацијата, доцна вечерта, украинскиот претседател Володимир Зеленски, ги предупреди Украинците дека руските сили при повлекувањето го минираат теренот.
„Ја минираат целата територија. Минираат куќи, па дури и телата на убиените. Ни, претстојат тешки битки. Сè уште е невозможно да се мисли дека веќе ги поминавме сите тестови. Сите сакаме да победиме. Но, кога ќе биде – сите ќе го видат. Секој ќе почувствува дека доаѓа мир“, рече Зеленски.
Обраќање на претседателот на Украина Володимир Зеленски за резултатите од 37-от ден од војната.