Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани својот руски колега Владимир Путин на средба, за прекин на војната.
– Ние не ја напаѓаме Русија и не планираме да ја нападнеме. Што сакате од нас? Заминете од нашата земја! Седнете со мене, разговарајте. Само не 30 метри далеку како со Емануел Макрон, кажа Зеленски.
Зеленски истовремено побара од НАТО да ѝ прати авиони на Украина. НАТО претходно го одби неговото барање да се воведе забрана за летање над Украина, сметајќи дека на тој начин би се вмешале во војната.
– Ако немате моќ да го затворите небото над Украина, тогаш испратете воени авиони, бидејќи ако падне Украина следна цел на напад ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија, рекол Зеленски.