Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата потпиша два закони за продолжување на вонредната состојба и на мобилизацијата за уште три месеци.
Статусот на двата закони, кои беа објавени на веб страницата на Врховната Рада е ажуриран што укажува дека тие се примени со потписот на Зеленски.
Со одобрувањето вонредната состојба и мобилизацијата во Украина се продолжени до 9-ти мај.
Зеленски поднесе два нацрт-закони до парламентот на 14. јануари, а пратениците ги усвоија еден ден подоцна.
Украинскиот претседател првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна „специјална воена операција“ во Украина. Оттогаш, мерките беа неколкупати продолжени.